Ѕидни клима уреди
Ѕидните клима уреди се најбараните типови на клима уреди кои се користат за климатизација на куќи, станови, деловни објекти и објекти со посебни потреби за климатизација.
Изборот на ѕидни клима уреди е најголем во понудите на сите производители и продавачи на клима уреди. Исто така тие се и најраспространети најнапред поради пристапната цена, достапноста, како и релативно едноставната монтажа. Внатрешната единица на овој тип на клима уреди се поставува 10-15 цм под таванот и се поврзува со фреонска и електрична инсталација со надворешната единица и на тој начин се создава квалитетно и ефикасно решение за ладење и греење на просторот. Сите производители нудат широк спектар на ѕидни внатрешни единици кои можат да се разликуваат по дизајнот, моќноста, бојата, намена, видови на филтри како и системите за прочистување и обогатување на воздухот, Wi-Fi управување и други технички можности.
Поефтините клима уреди се најчесто наменети за ладење и догревање на просторот, додека пософистицираните кои се и далеку пооскапи служат покрај за ладење и за греење и на многу ниски температури и до -25 С. Изборот на моќност на клима уредот пред се зависи од површината која се лади/грее, намената, локацијата, навиките а постојат со моќност од 2-10kW. Во станбени простории обично се користат клима уреди до 7KW, додека со поголема моќност се користат за климатизавија на поголеми деловни објекти.
Ако саката квалитетен, тивок и ефикасен ѕиден клима уред најдобар избор се секако и со повисока цена клима уредите од јапонските производители.