Сакате топлинска пумпа – како до реализација

Се што треба да знаете за да започнете со инвестиција…

Image result for топлинска пумпа

ТОПЛИНСКА ПУМПА
СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ЗАПОЧНИТЕ СО ИНВЕСТИЦИЈА


Доколку планирате да имате систем на греење во нова градба или во веќе постоечкиот објект можи да се најдите помеѓу корисниците кои се одлучиле за топлинска пумпа.

Иако веќе долги години се на пазарот многу често се поставуваат исти прашања. Ќе пробаме да Ви одговориме на што повеќе во овој текст.

ШТО Е ТОПЛИНСКА ПУМПА?

Топлинската пумпа е уред кој користи топлина содржана во воздухот како би ја загреал топлата вода која се користи за греење и трошење на топла вода. Благодарејќи на високата енергетска ефикасност спаѓаат во обновливи извори на енергија осигуруваат COP поголем од 4. Поедноставено, топлинската пумпа можи на секој kW потрошена електрична енергија да испорача 4 kW топлинска енерија.

Занимливо е тоа што топлинската пумпа и при температури под 0 степени можи да извлечи топлина од воздухот,а благодарејќи на модерните инвертерски компресор,режимот на работа се протега на -28 степени,со што е загарантирано функционирањето без оглед на позицијата на објектот и надворешната температура.

Топлинската пумпа се состои од надворешна единица и внатрешна единица, и има дизајни за моноблок во една единица што ги опфаќа компресорот и разменувачот.

ЗОШТО ТОПЛИНСКА ПУМПА?

ЗА КОИ ПРОСТОРИИ Е НАМЕНЕТA ТОПЛИНСКАТА ПУМПА?

Топлинската пумпа постигнува најголема ефикасност на (нови)објекти кои имаат висок степен на термо изолација,каде загубата на топлина од просторот е најмала.При тоа се сугерира користње на инертни системи за греење(подно/ѕидно) кое побарува што пониска температура на проток на вода.

Ниската температура на вода во составот автоматски значи дека оптеретувањето на надворешната единица е помало,исто како и потрошувачката на електрична енергија.При дизајнирање на системот, препорачливо е да се користи греење на цевки (без разлика дали е во подот,ѕидот или таванот) каде е можно, за да може да се загрее максималната површина на објектот преку овој многу инертен потрошувач за кој е потребна почетна температура на водата од само 30 степени Фаренхајт.

КАКО ДА СЕ ИЗБЕРИ ИДЕАЛНА ТОПЛИНСКА ПУМПА?

Прв чекор во изработката на проектот на системот за греење и ладење е согледување на енергетската потреба на објектот.Во склад на тоа се прави избор на капацитетот на топлинската пумпа која се движи од 3,60 до 16,00 kW ,што значи дека една пумпа можи да покрие објект од 40 до 400 m2, зависно од силата на составот кој инвеститорот ќе го избери.Кога ќе го имате енергетскиот прорачун за Вашиот објект , овластениот проектант можи да започни со изработка на проектот за инсталација.

Во ова фаза е битно да нагласите која функционалност ја сакате од составот на топлинската пумпа(само потрошна топла вода, греење и потрошна вода топла вода или греење,ладење и потрошна топла вода).

Наша препорака е пумпата да ја искористите за сите енергетски потреби на вашиот објект бидејќи со тоа ја намалувате висината на инвестицијата и го зголемувате комфорот за користење.

Можно е да ги поврзете системите за топлинска пумпа преку интернет врска и да ракувате со целосниот систем од одалечена локација.

ПЛАНИРАЊЕ И ПРОЕКТИРАЊЕ НА СОСТАВОТ

При проектирање на составот на топлинската пумпа Ви препорачуваме да се обратите на стручен проектант или компанија која ќе Ви изработи документација и ќе Ви предложи решение за составот. Во пракса се покажало дека избегнувањето на овој многу важен чекор резултира со незадоволни корисници при што се губи време и пари.

Поедини корисници мислат дека изведувачите се доволно стручни и дека можат сами да го изведат составот но всушност тоа ретко испаѓа како треба. Овој состав е поскап но тој трошок ќе се занемари одкако ќе се вгради бидејќи е ефикасен и исплатлив, значително ќе се заштедат вложените пари.

КОЛКУ ЧИНИ ?
КОЛКУ Е ПОВРАТНА ИНВЕСТИЦИЈАТА?

Кога станува збор за обновливи извори н енергија , реално е почетната инвестиција да биди нешто повисока во однос на класичните состави на греење.Од друга страна , инвеститорот во стартот одигурува заштеда бидејќи му треба приклучок за електрична енергија и не трба да се гради оџак.

Во некои земји државата го субвенционира поставувањето на топлински пумпи.Со оглед на потрошената електична енергија , повратот на инвестицијата во просек изнесува седум години. Додека со добивањето на субвенции тој рок се скратува.

Индикативната потрошувачка на електрична енергија за добро изолиран објект од 120 м2 на југот на Хрватска во текот на зимските месеци е помеѓу 110 и 130 куни.. Сличен објект на континентот ќе троши двојно повеќе електрична енергија, што е сепак неколку пати поевтино од греењето со фосилни горива.

Внатрешната единица на топлинската пумпа , така наречена hydro-box без резервоар за топла вода е идентична со големината на кондензациониот болјер, при вградувањето бара минимален простор.

Цената на составот зависи од перформансите на уредот, материјалот, климатските услови во кое се наоѓа итн.

ПРИНЦИП НА РАБОТА(НА КРАТКО)

Топлинските пумпи се уреди што овозможуваат пренесување на топлина од понизок температурен систем (земја, воздух, вода) во повисок термички систем (централно греење), додека се користи дополнителна работна енергија (електрична енергија за компресорот) користејќи кружен процес на соодветен работен медиум (фреон).

Енергијата на животната средина (земја, воздух, вода) се пренесува во компресорот со работната супстанција, со што се зголемува температурата на работната супстанција, а со тоа се зголемува и температурата која , преку кондензаторот и разменувачот во внатрешноста на кондензаторот, добива топлина и испраќа топла вода за греење до системот за централно греење. Потоа, работниот медиум се враќа во испарувачот преку вентилот за експанзија. Во експанзиониот вентил, работниот медиум се проширува од повисокиот притисок на кондензаторот до долниот притисок на испарувачот и се лади. Ова го затвора кружниот процес на пареа-компресија-кондензација-експанзија, што постојано се повторува.

ВИДОВИ НА СИСТЕМИ

Топлинската пумпа можи да се користи и за греење и за ладење.Топлинските пумпи земаат топлина од надворешниот воздух и ја пренесуваат во водата преку разменувач на внатрешната единица.

Разладниот систем на топлинска пумпа се состои од компресор и два калеми изработени од бакарни цевки (еден внатрешен и еден надворешен), кои се опкружени со алуминијумска ламела за помош при пренос на топлина.Препорачуваме уредите кои имаат и греење и ладење при купување да се избегнуваат од повеќе причини.

Поразумно е да се користи системот за пумпа за топлина одделно за загревање на зградата и за подготовка на домашна топла вода и системот за климатизација за ладење на зградата. Ќе бидете изненадени кога ќе откриете дека овие два системи чинат исто како и системот во кој се користи топлинската пумпа и за греење и за ладење.

ДВА ОСНОВНИ ЧЕКОРИ ПРИ ДОГОВАРАЊЕ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ

Планирње на буџетот

Изработка на проектна документација со наведени трошци

ПРИПРЕМА НА ПОТРОШНАТА ТОПЛА ВОДА PTV

Просечниот граѓнин дневно троши околу 200-300 литри питка вода, од која во просек 40 до 80 литри е топла вода на температура од 40 до 60 степени, која воглавно се користи за одржување на лична хигиена и миење на садови.

На подготовка на домашна топла вода (PTV) во просечно домаќиннство одпаѓа 20% од годишната потрошувачка на топлинска енергија, додека остатокот се троши на греење на просторот( околу 73%) и готвење (околу 7%).Во сезоната без греење, припремата за топла вода представува поединечно најголем трошок за енергија во домаќинството, без оглед кој енергент се користи. Затоа, ефективната подготовка и употребата на топла вода може значително да ги намалат вкупните трошоци на енергијата на домаќинството.

ПОДГОТОВКА НА ТОПЛА ВОДА СО ПОМОШ НА ТОПЛИНСКА ПУМПА

Топлинските пумпи првенствено се користат во системите за греење, меѓутоа, во случај на топлински пумпи во кои топлината не се исцрпува со воздух, туку со вода, оваа топлина може да се користи и за подготовка на топла вода.

За подготовка на топла вода, се користат помали уреди со номинална моќност од 2 до 12 kW и моќност од 0,6 до 5,2 kW. Со употреба на топлински пумпи, можно е да се намали потрошувачката на енергија за подготовка на топла вода за 2/3. Недостаток на овој систем е повисоката почетна инвестиција и начинот како ќе работи електричната енергија.