Се за клима уредите

Што е клима уред

 Најчесто во пракса сретнуваме клима уреди т.н сплит систем. Тоа е таква изведба на клима уред која се состои од два основни дела: надворешна и внатрешна единица. Надворешната единица се состои од компресор и кондензатор додека во внатрешната единица се наоѓа испраувачот. Надворешната и внатрешната единица се поврзани со изолирани бакарни цевки во кои циркулира работниот гас – фреон. 

ДЕЛОВИ НА КЛИМА УРЕДОТ

Надворешна единица: копмпресеор, резервар за фреон, аксијален вентилатор, термоекспанзиски вентил, куќиште.

Внатрешна едниница: испарувач, тангенцијален вентилатор, филтер, куќиште и контролер.

Принцип на работа на клима уредот

Ефектот на ладење на клима уредот се постигнува со циркулација на работниот гас-фреон во т.н кружен процес. Фреонот во форма на капки влегува во испарувачот кој се наоѓа во внатрешната единица па со проаѓањето ни цевките испарува.За процесот на испраување е потребна топлина а таа топлина фреонот ја превзема од воздухот од просторијата. На тој начин воздухот со поминување низ испарувачот се лади. Откако фреонот испарил, тој во гасовита состојба низ цевките се враќа во компресорот на надворешната единица.Компресорот го компресира фреонот а со тоа му ја зголемува и температурата и тој таков влегува во кондензаторот кој исто така се наоѓа во надворешната единица каде повторно поминува во течна состојаба.

Што е добро да се знае при купување на клима

Најчести прашања при купување на клима:

  1. Зошто во лето течи вода од внатрешната единица, а во зима од надворешната?
  2. Зошто климата кога е во мод на греење понекогаш престанува со работа и испушта чуден звук?
  3. Зошто климата слабо грее кога е ниска надворешната или внатрешната температура?
  4. Која е разликата помеѓу класичен клима уред и инвертер?
  5. Зошто од внатрешната единица повремено се слуша крцкање или пуцкетање?
  6. Што е годишен сервис, што содржи и колку се наплаќа?
  7. Зошто понекогаш климата има непријатен мирис?
  8. Како се користи клима уредот?
  9. Зошто моно системи а не дуал триал и останати мултисплит системи?
  10. Кои се предности и мани на клима уредите?
  11. Што е топлинска пумпа?

Кој клима уред да се избере, препораки и совети

Прашање над сите прашања: кој клима уред да се избере?

Иако идеално време за купување на клима уред е пролетта и есента когa се зачестени акциските продажби на клима уреди но и нивнот вградување најголем број на луѓето се одлучуваат за монтажа на клима уред во екот на летните горештини. Во морето на различни производи понекогаш е тешко да се одбери онај „вистинскиот“ клима уред. Не помага ни тоа што веќе во стартот постојат безброј опции и термини: мобилна, сплит, инвертер, БТУ, киловати, јонизација… Во овој водич Ви ги претставуваме најважните совети за избор, макар што секоја клима треба да се прилагоди кон специфичностите на просторот за кој е наменета, па затоа секогаш е препорачливо да се повика стручно лице кое на лице место ќе процени каков уред е најоптимален за просторот кој се грее/лади.

Каде и како да се монтира клима уредот

При монтажата на клима уредот  треба да се обрне внимание на неколку детали. Со оглед на фактот што монтажата на клима уредот е една од нашите примарни дејности ќе се обидеме да Ве запознаеме со некои основни правила кои треба да се почитуваат. Позицијата на внатрешната единица мора да биде таква да таа не дува директно во оној дел на просторијата каде луѓето се задржуваат наајдолго. Исто така позицијата треба да биде таква да овозможува непречено циркулирање на воздухот и во најодалечените делови од просторијата. Внатрешната единица добро е да се постави бочно на ѕидот до соседниот ѕид каде се наоѓаат прозорци и во тој случај таа создава ефект на воздушна завеса која значително го намалува влијанието на високите/ниските надворешни температури.

Типови на внатрешни единици

Ѕидни клима уреди.
Најпрактичен и најбаран тип на клима уреди според местото на поставување на внатрешната единица се ѕидните клима уреди. Овие се најповеќе користени уреди во сите области: куќи, станови, дуќани, локали, канцеларии и сл. Се карактеризираат со релативно едноставна монтажа и одржување.

– Подни клима уреди
Се вградуваат на подот или на ѕидот веднаш до подот. Се употребуваат во станбени и деловни простории. Расположливи капацитети од 2,5 kW до 7KW. Спаѓаат во премиум класа на клима уреди.

Како да се подеси климата за греење

Кога ќе помине летото и сезоната на ладење, за климата да може да грее треба на далечинскиот управувач да се прилагоди во мод на греење.

Тоа се прави на тој начин што на далечинскиот управувач ќе го притисните копчето: MODE  додека на екранот на далечинското не се појави знакот: HEAT или знак сонце.

Така клима уредот сега е спремен за греење и потребно е само да го вклучите со далечинскиот управувач.

Потоа поставете ја температурета вообичаено од 22 до 28 С

Зошто капи вода од внатрешната единица

Совети и препораки

Кога клима уредот лади во внатрешната единица се создава вода поради протокот на топол и влажен воздух преку ладните ламели на изменувачот на внатрешната единица. Кондензираната вода т.н кондензат преку ламелите се слива во т.н дренажна кадичка која се наоѓа непосредно над вентилаторот – турбина. Од кадичката водата истекува низ цревото за одвод. Во еден ден од клима уред со јачина од 3,5 kW може да искондензира и до 20 литри вода.Така кондензираната вода е чиста и може да има честички од воздухот во просторијата па исатата не е потполно дестилирана нити пак потполно чиста. Во определени случаи водата може да прелива преку кадичката и да капи односно да протекува од внатрешната единива по ѕидот, по подот или по намештајот во зависност од тоа каде е наместена внатрешната едница.

МОНО СПЛИТ КЛИМА УРЕД

Моно сплит клима уредите се состојат од две одвоени единици и тоа внатрешна единица која се монтира во просторијата која што сакаме да ја климатизираме и надворешна единица со компресор. Внатрешната и надворешната единица меѓусебно се поврзани со фреонска и електрична унсталација. Моно сплит клима уредите се најбарани и најпродавани клима уреди.  

Типови на моно сплит клима уреди:
– ѕидни клима уреди
– подни
– тавански/парапетни
– касетни
– канални

Мулти сплит клима уреди

Мулти сплит клима уредите се всушност сетови кои се состојат од две или повеќе внатрешни единици кои пак со електрична и фреонска инсталација се споени со една надворешна единица.Се користат за греење и ладење на фамилијарни куќи, апартмани, деловни простории, ресторани и сл.

Секоја внатрешна единица си има свој далечински управувач и е целосно независна од останатите внатрешни единици. Моќноста на надворешната единица автоматски се распределува кон сите внатрешни единици во зависност од зададените температури на секоја од нив.

Мулти сплит клима уредите наоѓаат одлична примена за климатизација на повеќе простории во еден ист објект кои се меѓусебно релативно блиску и каде што не е возможно поставување на одделни клима уреди (моно сплит).

Ѕидни клима уреди

Ѕидните клима уреди се најбараните типови на клима уреди кои се користат за климатизација на куќи, станови, деловни објекти и објекти со посебни потреби за климатизација.

 Изборот на ѕидни клима уреди е најголем во понудите на сите производители и продавачи на клима уреди. Исто така тие се и најраспространети најнапред поради пристапната цена, достапноста, како и релативно едноставната монтажа. Внатрешната единица на овој тип на клима уреди се поставува 10-15 цм под таванот и се поврзува со фреонска и електрична инсталација со надворешната единица и на тој начин се создава квалитетно и ефикасно решение за ладење и греење на просторот.

Сите производители нудат широк спектар на ѕидни внатрешни единици кои можат да се разликуваат по дизајнот, моќноста, бојата, намена, видови на филтри како и системите за прочистување и обогатување на воздухот, Wi-Fi управување и други технички можности.

ПОДНИ – ПАРАПЕТНИ КЛИМА УРЕДИ

Подните клима уреди се многу барани клима уреди секаде каде што имаме посебни потреби за греење, а најчесто се користат за климатизирање на станови, куќи, деловни простории и објекти со специфични потреби за климатизација.

Овие клима уреди можат да се најдат од сите поголеми реномирани производители на клима уреди. Тие се одликуваат со ексклузивен дизајн и со поквалитетно греење поради пониското издувувањето на воздухот во однос на подот и на тој начин во потполност ги заменуваат класичните радијатори, обезбедувајќи уште поголем комфор. Ова особено доаѓа до израз во сезоната на греење каде што знаеме за карактеристиките на топлиот воздух дека се движи од долу кон горе. Внатрешната единица на овој клима уред се поставува на ѕидот непосредно над подот или пак на самиот под а со надворешната единица е поврзана како и останатите клима уреди со фреонска и електрична инсталација.

Тавански клима уреди

Таванските клима уреди се користат за ладење на квалитетно ладење на поголеми деловни простории, канцеларии, сали, угостителски објекти и други најчесто поголеми простории.

Тавански или подтавански клима уреди како што кажува и нивното име се монтираат под или во таванот така што не се гледаат како ѕидните клима уреди.

Ги има во повеќе изведби и моќност а можат да се контролираат со помош на далечински управувач или пак со фиксен ѕиден контролер. Сите производители нудат широк избор на модели а се разликуваат по дизајнот, техничките карактеристики и се разбира по цената.

КАСЕТНИ КЛИМА УРЕДИ

Касетните клима уреди се вградуваат во спуштени тавани со минимална висина од 3 метра. Речиси се невидливи (се гледа само декоративниот панел) а врвната дистрибуција на воздухот кај овие клими е речиси оптимална бидејќи дуваат на две или 4 страни, зависно од моделот а контролата се врши со помош на далечински управувач.Сите производители нудат најразлични касетни клима уреди кои се разликуваат по моќноста, дизајнот, бојата, намената, видот и други технички можности. 

КАНАЛНИ КЛИМА УРЕДИ

Каналните клима уреди се одлично решение за климатизација на хотелски соби,канцелариии други простории кај кои е пожелно индиректна дистрибуција на воздух, како и дискретно решение бидејќи клима уредите не се гледаат.

 Внатрешната единица на каналниот клима уред може да се вгради вотаванот или ѕидот во просторијата која се климатизира и е доста погоден за квалитетно ладење односно греење .Сите производители нудат голем избор на канални клима уреди кои се разликуваат по јачината и по други технички карактеристики.

КЛИМА УРЕДИ БЕЗ НАДВОРЕШНА ЕДИНИЦА

Клима уредите без надворешна единица, за разлика од сплит системите се состојат само од еден дел, па затоа се многу практични за објекти каде надворешната единица ја нарушува надворешната естетика, или пак во случаи каде поставување на елемнти на фасадата е забрането ( во заштитени градби, застаклени фасади и сл.) Вакви објекти можат да бидат хотели, фамилијарни вили, заштитени куќи или друго градби во централните градски јадра со еден збор сите оние објекти каде надворешната едница не се вклопува во изгледот на тој објект. Исто така треба да се напомене дека во некои случаи монтажата на надворешната едница и физички е невозможна, па тогаш овие клима уреди без внатрешна единица се и единстваното решение.

ВОЗДУШНИ ЗАВЕСИ

Воздушна завеса е уред кој произведува млаз од воздух со голема брзина преку целата ширина на отворот. Оваа воздушна бариера го одвојува подрачјата со различни температури, а притоа не попречувајќи го минувањето на луѓе или возила.

ОДВЛАЖНУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ

Одвлажнувачите на воздух се се чини единствено ефикасно „оружје“за борба против влагата, мувлата, непријатниот мирис и црните флеки на ѕидовите предизвикани од преголема влажност. Било да се работи поради замена на дрвената дограма со пвц дограма, или пак едноствано влагата навлегува во вашата просторија поради било кои причини, овие уреди овозможуваат во потполност да се регулира влажноста во просторијата.

Бројни се корисниците кои се имаат уверено во нивната супериорна моќ на дејствување во простории со преголема влага. Одвлажнувачите за воздух можат да се користат и за сушење на алишта и тоа за речиси 80% помалку трошоци во однос на класичната сушара за алишта и тоа без воопшто да се грижите за оштетувањаили гужвање на вашата облека.

Предности на инвертерите и потрошувачка на клима уредите

Инвертер клима уредите имаат електронски управуван компресор со кој ги менува вртежите а со самото тоа и притисоците на кои работи па на тој начин ја„дозира“ односно ја прилагодува снагата (моќноста) во зависност на зададената температура и температурата во просторијата. 

Инвертерскиот начин на работа на клима уредите остварува значителна заштеда на електрична енергија,зависно од условите на работа до дури 30% во однос на класичните клима уреди. Ако температурата на просторијата е многу повисока од саканата температура (доколку станува збор за ладење) клима уредот ќе работи со полн капацитет(моќност) се до постигнување на саканата температура. Кога ќе се постигне саканата температура инвертерскиот клима уред ќе ја прилагоди односно ќе го намали својот капацитет до степен до кој тој е доволен за одржување на саканата температура.

Јапонски и останати производители на клима уреди

Купувањето на клима уред претставува долгорочна инвестиција, а очекувањата на купувачите се големи. Уредите треба да биде квалитетен, тивок, економичен да грее до -15 С да има што е можно подолга гаранција, овластен сервис, добра сервисна поддршка во гарантниот и вон гарантниот рок.

За да се овозможат горенаведените очекувања ние Ви препорачуваме да одберетеклима од некои од јапонските производители на клима уреди. Mitsubishi electricDaikinToshibaFujitsu ili Panasonic.

ПРЕНОСНИ НАСПРЕМА СПЛИТ СИСТЕМИ

Сплит системи или преносни клима уреди? Целта и на двата типа им е иста, но помеѓу овие два типа постојат и значителни разлики. Преносните клима уреди се пофункционални и нив можете да ставате во било која просторија. Во овој случај ако сте во потрага по ваков тип на клима уред а не знаете кој да го изберете тогаш продолжето со читање за да видите кои се предности и недостатоци на истите. За преносните клима уреди постои голема заинтересираност пред се поради нивната мобилност и многу едноставната монтажа. Меѓутоа постојат и некои други согледувања кои треба да се имаат предвид при купувањето на клима уред.

Пред се прва работа која треба да се знае дека преносните клима уреди користат компресор и разладен медиум и според тоа се многу ефикасни, ја одржуваат влагата на ниско ниво и овозможуваат правилно ладење. Меѓутоа и покрај тоа што се ефикасни, распонот на ладење неефикасното управување со влагата како и некои проблеми со поставувањето се некои од недостатоците кои треба да се земат предвид при донесувањето на одлука.

Видови на филтри за воздух во внатрешната единица

Клима уредите со филтри имаат можност да ги отстрануваат механичките честици од прашина, бактерии и апсорпција на мириси.

    Во текот на работата на клима уредите преку неа поминува огромна количина на воздух кој со себе носи исто така голема количина на честички. Најголем дел од тие честици останува во филтрите и за таа цел од огромно значење е редовното одржување/чистење на филтрите.

ШТО СЕ ЈОНИЗАТОРИ НА ВОЗДУХ

Јонизаторите на воздухот создаваат негативни јони и ги неутрализираат негативните влијанија на магнетните и електричните зрачења кои настануваат со употребата на различни електрични уреди (ТВ компјутери, мобилни телефони, електрични инсталации, рутери и сл).
Јонизаторот истовремено го прочистува воздухот и го активира кислородот на тој начин го подобрува квалитетот на воздухот и престојот во такви простории го прави мошне удобен. Научно е докажано дека јонизацијата на воздухот ја намалува негативната енергија настаната како последица на стрес правејќи го просторот околку нас попријатен било да се работи во деловен или станбен простор.

ТАБЕЛА НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Кои енергетски класи постојат?

Од јануари 2013 г. класата А на енергетска ефикасност се прошири за класите А+,А++ и А+++. Дополнително кон одредувањето на класата земено е во предвид и нивото на емисија на бучава(на внатрешната и надворешната единица).

Што означуваат новите показатели SEER и SCOP? Досега беа наведувани само вредностите EER (оценка на ефикасноста во режим на ладење) и COP (оценка на ефикасноста во режим на греење). Овие вредности се ориентираат само на една единствена мерна точка. Кај новите показатели сеSEER и SCOP дефинирани се повеќе мерни точки кои влијаат на класификацијата. „S” значи сезонски.

УПАТСТВО ЗА РАБОТА СО КЛИМА УРЕДИТЕ

ПРАВИЛНИ ПОСТАПКИ
Наместете погодна собна температура. Отстапувања од максималната разлика од 7С помеѓу надворешната и внатрешната температура можат да предизвикаат здравствени тегоби и зголемена потрошувачка на електрична енергија.

Чистете ги филтрите на внатрешната единица со млаз млака или ладна вода на секои 2 недели. Ако филтрите се запушени или многу валкани функционалноста на климата се намалува и доаѓа до зголемена потрошувачка на ел. енергија.
Овозможете внатрешната единица да не биде директно изложена на сончевите зраци или провев.
Наместете соодветен правец за дување на ладниот воздух. Можете да подесувате вертикално и хоризонтално а се со цел да овозможите што порамномерно распределување на воздухот во просторијата.
Пуштајте го клима уредот само кога е потребно и пожелно. Користете тајмер и sleep функција за што е можно поекономична работа на клима уредот.

Додека клима уредот е во фаза на ладење не е пожелно да се користат апарати кои се извори топлина (шпорети, греалици, варење на вода и сл.) На овој начин се намалува ефикасноста на клима уредот.

Топлински пумпи

Што е топлинска пумпа?

Топлинските пумпи се уреди кои ја користат топлината која е содржана во воздухот а со цел да се загрее водата која се користи за греење или пак потрошна топла вода. Благодарение на високата енергетска ефикасност тие спаѓаат во обновливи извори на енергија и по правило имаат COP поголем од 4. Поедноставно – топлинската пумпа за секој киловат потрошена електрична енергија може да „произведе“ 4 киловати топлинска енергија. Интересно е тоа што топлинските пумпи можат да ја искористат топлината од воздухот и при температури под 0 С, додека пак модерните и софистицирани топлински пумпи со инвертер технологија таа температура се движи и до -30 С. Со ова се овозможено непречено функционирање на системот без разлика на локацијата на објектот и надворешната температура.

МОНТАЖА НА КЛИМА УРЕД

Во стандардна монтажа на клима уредот е вклучено:

Монтажа на клима уред на постоечка инсталација

Инсталацијата за внатрешната единица треба да биде на околу 40 сантиметри од таванот додека цревото за одвод на кондензатот мора да биде поставено така да овозможува одвод на водата по природен пад. Исто така помеѓу внатрешната и надворешната единица треба да биде поставен електричен кабел 5×1,5mm2. Бакарните цевки треба да бидат затворени или заварени на краевите. Напојувањето односно напонскиот кабел може да биде 3х1,5 или 3х2,5см2 во зависност од моќноста на клима уредот.

Цената на монтажата на клима уредот при поставена инсталација е пониска од стандардната монтажа, а зависи и од тоа дали е целосно одговара на клима уредот кој се монтира или се потребни некои прилагодувања и модификации на инсталацијата 

ПОСТАВУВАЊЕ ПРВА ФАЗА ВО МОНТАЖАТА НА КЛИМА УРЕДОТ

Секој моно сплит клима уред кој се состои од внатрешна и надворешна единица мора да има инсталација со која се поврзуваат овие две единици. Таа инсталација се сосои од две бакарни изолирани цевки, електричен кабел помеѓу внатрешната и надворешната единица и црево за одведување на кондензатот од внатрешната единица. Исто така потребно е да се поврзи кабелот за напојување на клима уредот и црево за одвод на водата од надворешната единица. 

ДЕМОНТАЖА НА КЛИМА УРЕДОТ

Почитувани купувачи, во клима уредот се наоѓа работен гас-фреон кој ја уништува озонската обвивка па затоа Ве молиме демонтажата на Вашиот клима уред да им го препуштите на професионалци кои имаат стручни познавања за демонтирање на клима уреди на таков начин што фреонот нема да се испушти во атмосферата туку се собира и еколошки се рециклира а истото тоа важи и за целиот клима уред.

Постапка за демонтажа на клима уредот:

Поврзани страници: