Топ 5 клима уреди за греење за 2019 Best Buy
Погледнете го нашиот избор TOP 5 најпродавани клима уреди за греење во 2019:
1. MITSUBISHI ELECTRIC SUPER INVERTER+ MSZ/MUZ-AP35VE
2. DAIKIN COMFORA FTXP35M/RXP35M
3. TOSHIBA SUZUMI PLUS RAS-B13N3KV2-E/RAS-13N3AV2-E
4. FUJITSU SUPER INVERTER ASYG12KMTA/AOYG12KMTA
5. PANASONIC ETHEREA INVERTER+ KIT-Z35-VKE
Не пропуштајте да го прочитате следниот корисен текст во врска со греењето на клима уредите кои ќе ви помогнат да се одлучите за најповолен клима уред според Вашите потреби.
На сите ни е јасно дека клима уредите се едни од најповолните начини на греење.Технологијата напредувала толку многу , што квалитетно можи да се грееме на надворешна температура од -25 степени.
Сепак не е едноставно да се избери најповолен клима уред за греење , бидејќи за тоа постојат повеќе параметри кои влијаат врз конечниот избор.
Ќе пробаме во неколку реченици да Ви појасниме на што треба да се обрни внимание кога ќе одбирате нов клима уред. Како би донеле правилна одлука и со задоволство ќе се користи уредот а воедно и трошокот ќе биди најмал.
И во овој случај вреди старото правило: колку пари толку музика, па затоа е најдобро да се купи клима уред од врвен производител и врвна класа бидејќи така ќе се осигура максимален комфор.
Со оглед на тоа дека просечниот купувач настојува со помал трошок да го има најдобриот клима уред , ќе пробаме во неколку црти да ви го пренесиме нашето долгогодишно искуство и да ви го олесниме изборот.
На пазарот постојат голем број на производители и модели, па просечните купувачи тешко се снаоѓаат при изборот на најповолен клима уред.
Најдобри и најпознати се клима уредите на јапонските производители: Mitsubishi Electric, Daikin, Toshiba, Fujitsu i Panasonic.
Сите наведени производители во својот асортиман имаат имаат неколку класи.
Да започниме од серијата на реномирани јапонски производители:
серија STANDARD INVERTER HJ од производителот Mitsubishi electric
серија SENSIRA од производителот Daikin
серија SEIYA од производителот Toshiba
серија STANDARD ECO INVERTER KPC од производителот Fujitsu
серија STANDARDNI INVERTER од производителот Panasonic
Горе наведените клима уреди од влезна класа на јапонски производители се одлични за ладење и за греење кога во зима температурата на воздухот ретко се спушта под -5 степени. Сепак за сериозно греење во попроблематични услови треба да се размисли за купување на поскапи и подобри клима уреди, за да не дојди до разочарување.
Средната класа според нашето дваесет годишно искуство е најдобра за греење имајќи ги во предвид ефикасноста, цената и квалитетот.
Тоа се клима уредите на Јапонските производители кои се одликуваат со енергетска ефикасност, квалитетна изработка, додатни опции, и секако врвно греење се до петнаест степени под нулата.
За греење на просторот при надворешни температури под нулата потребен е квалитетен клима уред кој ќе го одржува капацитетот при ниски температури.
Поквалитетните климатизери при пониски температури имаат подобар капацитет, така што пониските препорачани климатизери на 0 степени надвор ќе дадат околу 90% од номиналната моќност во греењето, бидејќи надворешната температура се спушта и се намалува капацитетот на клима уредите и се намалува на пониските на надворешно 5 степени под нулата ќе работи со 80% од номиналниот капацитет и на 10 степени под нулата ќе даде околу 70% од номиналниот капацитет, додека на 15 степени под нулата ќе даде околу 60% од номиналниот капацитет.
Од погоре наведеното видливо е дека номиналниот капацитет на клима уредот се намалува кога надворешната температура е пониска и во тие ситуации и губењето на топлината од просторот е поголем и ни треба додатна сила за греење. Доколку не купите квалитетен клима уред не можи да очекувате квалитетно греење во најладниот период.
Поради тоа купувачите кои не се добро запознаени, убедени се дека клима уредите не можат да го затоплат просторот. Тие убедувања произлегуваат од искуството само со најевтините клима уреди кои не се наменети за греење на просторот при надворешни температури под нула.
Не треба да се изостави уште еден клучен фактор, а тоа е влагата во надворешниот воздух која наголемо го намалува ефектот на греење. Кога клима уредот грее а температурата на надворешниот воздух помеѓу нула и 15 степени, при висока влажност на воздухот над 70%,изменувачот на надворешната единица се замрзнува а мразот створа изолација помеѓу ламела изменувачот и воздухот, со што се намалува капацитетот на работа на клима уредот. Колку мразот на изменувачот е подебел а со тоа и изолацијата спрема надворешниот воздух поголема, капацитетот односно ефикасноста на клима уредот е помала.
За автоматски да се ослободи клима уредот од мразот, кај старите ON/OFF клима уреди доаѓаше до прекин на греењето на 10 до 15 минути, ќе се угаснела внатрешната единица а климата ќе ја загрева надворешната единица и така го топи мразот, потоа се продолжува со греење на просторот. Тоа кај евтините уреди се случува од 3 до 5 пати за едн час па затоа таков клима уред не е употреблив за греење кога релативната влажност на надворешниот воздух е 70% а потребата за греење на просторот е голема.
Инвертер клима уредите тоа го прават на друг начин:
Со оглед на инвертерската технологија која овозможува различни брзини на работа на компресорот а со тоа и варијабилна сила. Во ситуација кога ефикасноста на клима уредот почнува да паѓа поради створањето на мраз изолатор на изменувачот на надворешната единица автоматиката на инвертер климата ја намалува силата на компресорот и преминува во фаза на баланс помеѓу максимално расположивата сила и минимално створениот мраз. Тоа значи дека во такви ситуации клима уредот ќе работи со намалена сила за греење но нема да престани, и така греењето ќе биди континуирано.
Сега доаѓаме до клучниот момент:
Кога влагата во надворешниот воздух е висока или надворешната температура е ниска клима уредот работи со помала сила од потребното. Квалитетните и скапите уреди во такви ситуации работат со сила која е пропишана за нив, додека евтините уреди работат со значително помала сила. Затоа кога се одбира клима уред многу е важно да има добар компресор и кој дава повеќе сила во греење во најкритичните ситуации. Треба да се води сметка и околу силата на клима уредот, за греење секогаш е добро да се избери малку појак клима уред .
Покрај се погоре наведено, ви даваме предлог за купување на уред кој сигурно ќе ги оправда сите ваши очекувања за ладење и греење со умерена инвестиција.
Ова е наш избор на TOP 5 клима уреди за греење:
1. MITSUBISHI ELECTRIC SUPER INVERTER+ MSZ/MUZ-AP35VE
2. DAIKIN COMFORA FTXP35M/RXP35M
3. TOSHIBA SUZUMI PLUS RAS-B13N3KV2-E/RAS-13N3AV2-E
4. FUJITSU SUPER INVERTER ASYG12KMTA/AOYG12KMTA
5. PANASONIC ETHEREA INVERTER+ KIT-Z35-VKE
Сите наведени клима уреди се со сила 3,5 kW бидејќи се најбарани, и најдобри резултати имаат во простор од 30 до 40 m2 зависно од изолацијата и положбата. Значи тоа се врвни клима уреди кои ќе ги задоволат сите Ваши потреби за врвно и комфорно греење и ладење со најниска бучава и висока енергетска ефикасност. Ако купите некоја од оие клима уреди никако нема да згрешите.
За оние кои сакаат уште поголем комфор и максимална ефикасност при надворешни температури до -25 степени препорачуваме клима уреди кои се оптимизирани за греење. Кај таквите клима уреди силата е појачана во греење, така да нема да и во најпроблематичните ситуации просторот ќе биди затоплен.
Погледнете ја нашата понуда на клима уреди кои се оптимизирани за греење и моментално се технолошки најнапредни уреди за домашна употреба:
DAIKIN COMFORA – оптимизирана за греење
DAIKIN PERFERA – оптимизирана за греење
И на крајот, ако сакате да помините поповолно Ви предлагаме неколку модели кои во последно време се покажаа како одлично решение за греење на ниски надворешни температури. Тоа се Hyundai модели од квалитетните серии “Elite” и ” Super Inverter“, А++ енергетска класа и со вклучен Wi-Fi управувач а моментално се BestBuy: Hyundai ELITEHyundai SUPER INVERTER.