Зошто капи вода од внатрешната единица

ZAŠTO CURI VODA NA UNUTARNJOJ JEDINICI KLIMA UREĐAJA

Во режим на ладење клима уредот создава/кондензира вода на внатрешната единица и во некои случаи таа може да капи од внатрешната единица и да направи големи непријатности

Зошто се случува тоа и како да се спречи таа појава прочитајте подолу во овој текст.

 Кога клима уредот лади во внатрешната единица се создава вода поради протокот на топол и влажен воздух преку ладните ламели на изменувачот на внатрешната единица. Кондензираната вода т.н кондензат преку ламелите се слива во т.н дренажна кадичка која се наоѓа непосредно над вентилаторот – турбина. Од кадичката водата истекува низ цревото за одвод. Во еден ден од клима уред со јачина од 3,5 kW може да искондензира и до 20 литри вода.Така кондензираната вода е чиста и може да има честички од воздухот во просторијата па исатата не е потполно дестилирана нити пак потполно чиста. Во определени случаи водата може да прелива преку кадичката и да капи односно да протекува од внатрешната единица по ѕидот, по подот или по намештајот во зависност од тоа каде е наместена внатрешната едница. На овој начин таа може да предизвика значителна штета. Важно е да се напомене дека капењето на вода од клима уредот не може да направи никаква штета на клима уредот ниту пак ќе ја намали функционалноста на истиот. Со оглед на тоа што водата е на најниската позиција во однос на сите електрични и електронски инсталации водата не може нив да им наштети. Многу чест случај е да клиентите во текот на летните жешки денови бараат итни интервенции од сервисерите поради капењето вода. Со оглед на фактот што во летните жешки денови има многу малку слободни сервисери за интервенција треба да се почека подолго време. Напоменува дека купувачите можат да ја користат климата и во вакви случаи доколку не им предизвикува штета на намештајот. Се разбира само привремено додека не се санира причината поради која настанал дефектот.

Капењето вода од внатрешната единица на клима уредот може да биде предизвикано од следниве причини:

1. При монтирањето внатрешната единица не е поставена рамно туку настранета на една страна. Во таков случај за време на многу топли денови и голема влага водата наместо да се слива во одводното црево, поради тоа што е навалена прелива преку кадичката. Решение за овај случај е да се постави рамно под либела внатрешната единица и да се провери пропустливост на одводното црево на внатрешната единица.
2. Затнување на системот за одвод на водата. Со оглед на тоа што водата во внатрешната единица се создава со кондензација на влажниот воздух од просторијата во ламелите на изменувачот, на кои пак се налепуваат честички од прашина, водата ги повлекува овие честички и со самото тоа таа се наталожува во кадичката и на ѕидовите на одводното црево. Овие нечистотии можат да ја намалат пропусната моќ , па во определени случаи и потполно да го затнат системот за одвод на вода. Во овој случај кондензираната вода не можејќи да се одведе надвор почнува да прелива од внатрешната единица внатре во просторијата. Решение за овој случај е годишен сервис на клима уредот со кој ќе се отстранат сите причини за да не дојде до зачепување на одводниот систем.  3. Деформација и оштетување на цревото за одвод на кондензатот. Една од причините за капењето вода од внатрешната единица е напукано црево за одвод на кондензатот или пак прелапната или прецвикано во текот на монтажата или со текот на експлоатацијата на клима уредот. Честа причина е и создавањето на сифон , односно закривувања на хоризонталниот облик на цревото за одвот при што водата тука се задржува и го оневозможува протокот. Цревото за одвод мора постојано да биде хоризонтално или во благ пад .  4. Цревото за кондензација потопено во сад со вода или шише. Доколку не постои можност да се спреоведе кондензатот во куќниот одвод честа „практика“ е цревот да се стави во некој сад или шише па таму да се собира водата. Овај сад мора редовно да се празни. Ако цревото е поставено длабоко во садот голема е веројатноста тоа да се потопи во водата па во тој случај водата не може да се одведува и ќе започне да прелива преку кадичката. Кога се користи сад или шише за одвод за водата цревото не смее да биде потопено во водата.  5. Во кадичката или цревото за одвод паднал некој тврд предмет при монтежата или во текот на експлоатацијата. Ако во кадичката падне некој надворешен „стран“ предмет тој многу брзо ќе дојде до устинката кај цревото за одвод и во зависност од неговата големина може значително да го намални или пак потполно да го спречи одливот на вода низ цревото. Во овој случај почнува да капе вода внатре од внатрешната единица. За поправка е потребно да се повика сервисер кој најнапред ќе го лоцира предметот а потоа со помош на алат ќе го отстрани. Исто така може да се случи во цревото да влезе некој поголем инсект пчела, бумбар или сл, како и некои листови од растенија.