МОНО СПЛИТ КЛИМА УРЕД
Моно сплит клима уредите се состојат од две одвоени единици и тоа внатрешна единица која се монтира во просторијата која што сакаме да ја климатизираме и надворешна единица со компресор. Внатрешната и надворешната единица меѓусебно се поврзани со фреонска и електрична инсталација. Моно сплит клима уредите се најбарани и најпродавани клима уреди.
Типови на моно сплит клима уреди:
Ѕиден клима уред
Најбарани модели на внатрешни единици кои се карактеризираат со ниска цена, релативно едноставна монтажа и одрѓување. Се користат во домаќинството, во туристички објекти, сервер соби, канцеларии и сл.
Канални клима уред
Се вградува во деловни простории, хотели, банки и најчесто во поголеми простории каде не е ефикасно да се монтираат ѕидни клима уреди. Покрај тоа што имаат поголем капацитет, овозможуваат рамномерна распределба на топлиот/ладниот воздух кој пак се дистрибуира низ систем кој што е вграден во ѕидот или таванот. Значи воздухот не се издувува во фиксно место (како кај класичните клима уреди низ внатрешната единица) туку низ систем кој го покрива целиот простор. Тоа овозможува рамномерна дистрибуција на топлина низ просторот.
Касетен клима уред
Се употребува најчесто во деловни простории, хотели, конференциски хали и други простории со спуштени тавани и каде е потребен поголем капацитет на греење односно ладење. Во главно имаат 4 насочен издув кој овозможува одлична дистрибуција на изладениот т.е загреаниот воздух.
Таванско/ парапетен клима уред
Можат да се вградат под таванот или на парапет(на ѕидот веднаш до подот). Се користат најчесто во поголеми простории каде е потребен поголем капацитет на ладење/греење.
Подни клима уреди
Се вградуваат на под односно на ѕидот до подот. Можат да се потпираат на подот или пак да се одвојат 10-тина сантиметри и да се потпрат на цоклето. Тоа е повисока класа на клима уреди кои се и поскапи а наоѓаат примена секаде каде што е потребна поголема ефикасност посебно при греење.