Хемиско чистење и дезинфекција на клима уреди

Како што знаете главната причина за лошиот квалитет на воздухот во климатизираните простории е слабото а понекогаш и никаквото чистење и одржување на клима уредот. Проблемот на лошиот квалитет на воздухот посебно е изразен во простории каде се користат локални системи за климатизација(сплит системи). Кај голем број на корисници преовладува мислењето дека доволно е само да се перат филтрите а не е потребно никакво друго одржување и сервисирање. Дури откако ќе почнат да се чувствуваат непријатно, ќе осетат непријатни мириси или пак кога клима уредот не лади доволно тогаш за помош се обраќаат кај сервисерите. Овие проблеми како по дефиниција се најизразени во почеток на сезоните за греење и ладење. Во тој период и сервисерите за клима уреди се најзафатени и често пати поради малиот број на екипи не се во можност навремено да интервенираат кај сите корисници со што се создаваат огромен број на непријатности. Затоа би рекле најповолно време за извршување на овие годишни сервиси се периодите вон сезона а се со цел темелно и квалитетно извршување на сите активности околу одржавањето на Вашиот клима уред.

Preporuke za korišćenje uređaja za klimatizaciju u vrijeme pandemije COVID  19

Хемиското чистење и дезинфекцијата на клима уредот особено добива на значење посебно во сегашниот период каде имаме разни инфекции со различен број на вируси а особено со најновиот корона вирус. Иако сеуште никој нема докажано дека корона вирусот може да се шири и преку работата на клима уредите сепак пожелно е и препорачливо да се изврши темелно хемиско чистење и дезинфекција, посебно на внатрешната единица за да се елиминира секоја можност различни вируси, бактерии и сл. да дојдат во допир со дишните органи на човекот. Секако ова на никој начин не треба да се свати како задолжително туку како една препорака и операција која во секој случај и без постоењето на корона вирусот е многу корисна и пожелна од горенаведените причини.

Имено при нормалното функционирање на секој клима уред без разлика дали станува збор во режим на греење или во режим на ладење доаѓа до постојано циркулирање и движење на воздухот према внатрешната единица каде се загрева/лади и потоа повторно се издувува во просторијата. Таквите циклуси зависат пред се од типот и големината т.е капацитетот на клима уредот. Протокот на воздух е даден во сервисните упатства и се движи од 500 до 1500 м3/час. Ако земеме просек кај клима уред со 3,5 kw топлинска моќ протокот на воздух е некаде околу 700 м3/час. Доколку просторијата која се грее е на пример 30 м2 тогаш волуменот е околу 80 м3. Ова ќе рече дека при нормална работа на клима уредот во режим на греење/ладење целокупниот волумен на воздух во просторијата заедно со сите нечистотии прашина, вируси бактерии и сл. циркулира низ клима уредот најмалку од 5 до 10 пати на час.

Поминувајќи низ филтрите и ламелите на испарувачот на нив се задржуваат најголемиот број на нечистотиите и останатите штетни материи што всушност е и нивна основна функција. Но сепак тие не можат да ги апсорбираат овие материи “вечно“. Филтрите се запушуваат и голем дел од нечистотиите навлегуваат во аламиниумското саќе на испарувачот од каде потоа не можат на ниту еден начин да бидат просчистени без длабинско и темелно хемиско и антибактериско чистење.

Од друга страна покрај непријатностите кои можат да ги предизвикаат во врска со здравјето, алергии зараза и сл. во голем процент се намалува и енергетската ефикасност на клима уредот при што доаѓа до зголемување на потрошувачката на електрична енергија.

Ова е особено важно кај постари клима уреди кои не користат инвертер технологија и кои не беа предвидени за толкав обем на работа односно првенствено беа наменети само за ладење. Кај овие уреди филтрите на внатрешните единици се така димензионирани да можат да апсорбираат одредена количина на прав и останати штетни честички односно не беа предвидени за толкав број на работни часови во текот на целата година. Исто така во последните 7-8 години значително се променија и навиките кај населението и се повеќе ги користат клима уредите и за греење особено во преодните периоди кога температурите не се многу ниски. Затоа особено важно кај овие постари клима уреди нивното чистење и деинфекција бидејќи тие во огромен процент ако не и речиси сите, воопшто некогаш се и дезинфицирани па и дури и не исчистени. На следниве фотографии може да се види како изгледаат филтрите на внатрешната единица:


фотографијата е од клима GALANTZ монтирана во 2007 година со неисчистени филтри 3-4 години

Овие клима уреди доколку се во една приближно ваква состојба подобро е воопшто да не се користат. Како прво претставуваат опасност по Вашето здравје, а како второ речиси и да немаат некоја поголема ефикасност од обични грејни тела кои се со електричен греач. „Гратис “ ќе Ви остане само брчењето на надворешната единица и „правењето ветар“ од внатрешната единица. Кај ваквите случаи задолжително е вршење на темелно чистење со хемиски средства и дезинфекција доколку сакате повторно нормално да го користите клима уредот.

Фотографија од внатрешна единица на клима

Чистењето на филтрите кое треба да се извршува во зависност од местоположбата на клима уредот и местоположбата на просторијата каде што е монтиран клима уредоти тоа најмалку 2 пати годишно а препорачливо е филтрите да се прочистуваат и проветруваат еднаш месечно. Комплетно упатство како да ги прочистите ифилтрите може да најдете тука.

слика од клима уред VIVAX полн со „тревки и различна вегетација“.

Се разбира чистењето на филтрите е само еден мал дел од комплетно прочистување на клима уредот. За жал поради начинот на изработка на клима уредот и големиот дел на пластични, бакарни и алуминиумски елементи кои лесно можат да се оштетат, како и поради постоење на електрични и електронски компоненти кои можат да предизвикаат струен удар и оштетување на клима уредот, за темелно хемиско чистење и дезинфекција неопходно е чистењето да го изврши стручно лице со искуство во оваа работа. Ова особено и од фактот што чистењето се извршува со мошне јаки дезинфекциони и хемиски средтва кои, доколку не се ракува соодветно со нив можат да бидат опасни . После нанесувањето на средствата треба да се изврши длабинско преливање на сите делови кои се опфатени од хемијата со цел нивно плакнење со вода која често пати може да предизвика огромен број непријатности доколку нестручно се врши чистењето. Затоа препорака е за ваков вид на хемиско чистење и дезинфекција да се побара интервенција од стручни лица.

На платформата youtube може да најдете стотици и стотици виеа како да го исчистите клима уредот но Ќе Ве молам доколку немата искуство да не се обидувате на било кој начин тоа да го изведете. На сите нив би требало да стои известување „НЕ ПРАВЕТЕ ГО ОВА ДОМА“.

Особено е важен фактот што микро климата која што е во внатрешната единица особено во летниот период кога климата се користи во режим на ладење е идеална за размножување на вируси и бактерии кои доколку се во мали концентрации не се особено опасни но доколку нивниот број е значителен тогаш тие ноже да претставуваат опасност по Вашето здравје. Ова е особено значајно доколку некој од членовите на семејството има респираторни пречки, алергии и сл. Имено сигурно сте чуле за легионерска болест која „демне“ позади клима уредите. Тоа е атипично воспаление на плуќата предизвикано од аеросол на концентрирана легионела која се вдишува и како резултат на тоа се појавува оваа болест. Најчесто легионелата се наоѓа на уредите за климатизација но може да се сретне и во некои други уреди каде што циркулира вода во затворен систем (парни инсталации, одвлажнувачи на воздух, ледомати и сл.)

Поради големата влажност која што се создава во внатрешната единица а со несоодветно сушење на истата во голем број случаи се појавува мувла во внатрешноста на клима уредот кој може да биде причина за голем број на алергиски реакции,хронична кашлица како и иритација на очите и кожата.

Од сите овие причини треба да напоменеме дека клима уредот треба редовно да се одржува и сервисира бидејќи само на тој начин ќе може да ги искористите предностите на греењето и ладењето со клима уред.

Голем дел од препораките кои се однесуваат на пандемијата со ковид-19 се базираат на тоа да се седи дома и да се носат маски дури и на отворен простор. Имајте го на ум фактот што целокупниот воздух во климатизирана просторија, што го дишеме во текот на денот кога сме дома, 50 до 100 пати поминува низ уред кој што никогаш не е соодветно исчистен и дезинфициран!

Исто така препораките се и да се дезинфицираат рацете, облеката па дури и храната која е пакувана, површините до кои може да се дојде во допир со рацете. Затоа наша препорака би била и хемиско чистење и дезинфекција и на клима уредите а доколку не сте во можност тоа да го направите што е можно поголемо проветрување на климатизираната просторија. Ова е особено важно што клима уредот не внесува свеж воздух од надворешната средина туку само го циркулира веќе постоечкиот воздух во просторијата. Затоа особено е важно проветрувањето и тоа да биде повеќе пати во текот на денот а особено доколку во просторијата живеат или работат поголем број на лица. Исто така не се препорачува ниту користење на уреди за принудна вентилација како што се вентилатори било да се подни или тавански.

Но дали ова значи дека треба да се откажеме од клима уредите? Експертите во целиот свет па и кај нас велат дека не. Имено престојувањето во јавни простории каде што престојуваат многу луѓе, јавен превоз, банки, маркети и сл. далеку е поопасно од користењето на клима уредот. Првенствено одржувањето на клима уредот чист и дезинфициран е прашање на општата хигиена и чистота во домот отколку некоја мошне веројатна причина за ширење на зараза. Ова е особено важно што во домот престојуваат членови на исто семејство кои и доколку не би постоел клима уред може мошне лесно да си ја пренесат заразата. Одржувањето на клима уредот во беспрекорна хигиена може да се свати како и чистотата на самиот дом или како хигиената на облеката: не може да биде директна причина но може индиректно да придонесе за голем број заболувања и непријатности.

БИТМОНТ КЛИМА ДООЕЛ БИТОЛА извршува професионално чистење, дезинфекција со хемиски средства на сите видови внатрешни и надворешни единици, редовно одржување и сервис на клима уреди. Стандардно чистење (внатрешната и надворешната единица се пристапни до 3 метри) изнесува 1200 денари за внатрешна, 800 денари за надворешна единица. Во цената влегува гратис дијагностика на евентуални дефекти, проверка на работните параметри и проверка на количината на фреон. Термин можете да закажете на тел. 075 590 250 или 075 921 404.