Генерален сервис на клима уредот

GENERALNI SERVIS KLIMA UREĐAJA

Протокол за извршување на генерален сервис на клима уредот

Постапки на внатрешната единица

 

Постапки кај надворешната единица

Предности од редовното одржување на клима уредот

  1. ГАРАНЦИЈА– Можност за продолжување на гаранцијата до 10 години
  2. Здравје– се намалува ризикот од чести настинки, алергии, астма
  3. Хигиена – нема непријатни мириси и капење на вода од внатрешната единица
  4. Економичност – дури и до 3-% помала потрошувачка на енергија
  5. Функционалност – многу поголема ефикасност и продолжување на векот на траење на клима уредот


ВАЖНОСТ НА СЕРВИСИРАЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ

Главната причина за лошиот квалитет на воздухот во климатизираните простории е слабото а понекогаш и никаквото чистење и одржување на клима уредот. Проблемот на лошиот квалитет на воздухот посебно е изразен во простории каде се користат локални системи за климатизација(сплит системи). Кај голем број на корисници преовладува мислењето дека доволно е само да се перат филтрите а не е потребно никакво друго одржавање и сервисирање. Дури откако ќе почнат да се чувствуваат непријатно, ќе осетат непријатни мириси или пак кога клима уредот не лади доволно тогаш за помош се обраќаат кај сервисерите. Овие проблеми како по дефиниција се најизразени во почеток на сезоните за греење и ладење. Во тој период и сервисерите за клима уреди се најзафатени и често пати поради малиот број на екипи не се во можност навремено да интервенираат кај сите корисници со што се создаваат огромен број на непријатности. Затоа би рекле најповолно време за извршување на овие годишни сервиси се периодите вон сезона а се со цел темелно и квалитетно извршување на сите активности околу одржавањето на Вашиот клима уред.

На што е потребно да се обрни особено внимание при чистењето на клима уредите?

Потребата за чистење на клима уредите не е некоја операција која се измислува сама за себе туку таа произлегува од начинот на работа на климатизерите. Кај 99% од куќните клима уреди принципот на работа е тој што вентилаторот од внатрешната единица го вшмукува воздухот од просторијата го лади/грее и повторно издувува во просторијата. Тој воздух по правило е контаминиран со прашина, микроорганизми и други честици од кои најголемиот дел од нив се задржуваат на филтрите на внатрешната единица. Ова е основната причина што тие мораат да се чистат и одржаваат додека кај вентилоконвекторите да се менуваат редовно. Филтрите колку и да се квалитетни не можат да ја собираат прашината и нечистотиите вечно. Откако воздухот ќе се исфилтрира при влегувањето во испарувачот тој доаѓа во контакт со изменувачот каде се лади. Дел од нечистотијата и микроорганизмите кои се задржле на филтрите се задржува на изменувачот. При тоа се создава изолирачки наслаги и создавање на био филм(талог од микроорганизми). За да се ослободиме од овие наслаги треба испарувачот темелно да се исчисти а потоа и да се дезинфицира. Покрај тоа што воздухот на изменувачот се лади, тука доаѓа и до кондензација на вода која преку дренажната када и одводното црево се одведува надвор од просторијата. Влажните ламели на изменувачот, кадичката и одводното црево се погодно место исто така за развој на бактерии, габи и мувла. Исто така овие нечистотии можат да ја намалат собирниот волумен на кадичката и одводната моќ на цревото и често се случува водата да прелие преку кадичката и да почне да капи внатре во просторијата со што започнуваат огромни проблеми. Значи посебно внимение треба да се посвети на чистење и дезинфекција на дренажната када поради тоа што таа може многу лесно да стане извор на непријатни мириси и алергии.

Како да се подготви клима уредот за сезоната на ладење?

 Денес на нашиот пазар преовладуваат моно сплит системите. Пред почетокот на сезоната потребно е да се повика овластен сервисер и да се изврши комплетно чистење и дезинфекција на внатрешната единица на клима уредот.

Неодржување на клима уредот

Доколку клима уредот не се чисти барем еднаш годишно а во деловните простории и трговски продавници и почесто на клима уредот му се смалува капацитетот и тој троши повеќе електрична енергија. Исто така станува потенцијално гнездо за голем број на бактерии. Кај неодржуван и неисчистен клима уред компресорот работи под многу поголеми оптеретувања па така му се намалува работниот век поради отежнатото циркулирање на воздухот и намалениот капацитет на примопредавање на топлината што е една од најзначајните предности во однос на класичните системи. Доколку се дојде до овај стадиум климата со години воопшто да не е одржавана таа мора комплетно да се демонтира. Целата оваа постапка на демонтажа чистење и повторна монтажа е многу скапа така да направената „заштеда“ од повеќегодишното неодржавање многу брзо ќе се стопи преку сметките за електрична енергија а во краен случај купување на нов уред. Додека за нездравиот престој во таква просторија не треба ни да зборуваме.

Средства за одржување на клима уреди и разладни уреди

 Средство за чистење на испарувачот, кондензаторот и филтерот за воздух. 

FOAM-A-COIL е биоразградиво средство за чистење на испарувачот, филтрите за воздух , опремата за кондензација на воздухот и механичката опрема. Исто така е достапен и како аеросол за прозорски единици, мали фрижидери и машини за правење на мраз.
FOAM-A-COIL ја одстранува нечистотијата, маслото, маснотиите и прашината.Чистењето со FOAM-A-COIL alle ги ублажува проблемите со висок притисок врз загреаните компресори, спречува предвремено оштетување на опремата, ја зголемува ефикасноста на опремата и ја намалува потрошувачката на енергија и други трошоци.
 
FOAM-A-COIL содржи не корозивни хемикалии и доколку се користи според упатството , безопасен е за сите видови на метали, вклучувајќи го и алуминиумот.CLEAN-N-SAFE е безкиселинско средство кое не нагризува и се користи за чистење на испарувачот и кондензаторите. Безбеден е за употреба и еколошки прифатлив. Средството е биоразградиво и представува многу мала опасност за животните, растителниот и водениот свет.За разлика од другите јаки киселини, овој високо ефикасен производ нема хемиски да ги оштети ламелите, околните метали и друга опрема.

Renewz е биоразградливо, безкиселинско средство за чистење и избелување на ламелата. Renewz со својата пена ги одстранува тврдокорните дамки, катранот, нечистотијата. Исто така ги чисти и дамките од никотин од филтерот за воздух. Со користењето на Renewz i се избегнува оштетувањето кое можи да го предизвика средството за чистење со пареа под висок притисок. Renewz ги остава алуминиумските површини блескави и сјајни за помалку од пет минути.Ако ова средство се користи според упатството тоа можи без никакви последици да се наносува на површини од алуминиум, бакар и нерѓосувачки челик. Исчистената површина е заштитена од корозија.

COIL DISINFECTANT е средство кое ги уништува микробите, дезинфицира и го одстранува непријатниот мирис.Наменет е за воздушните канали, изменувачите, опремата за филтрирање на воздухот и други тврди површини.Ова средстрво ги убива бактериите кои предизвикуваат заболувања.Исто така ги уништува и габите.Помага и при отстранување на непријатниот мирис .
K. O.™ DIRT BLASTER е средство за чистење и одмастување,со угоден мирис на лимон.Содржи растворувач кој брзо ја одстранува тврдокорната кујнска маснотија и брзо се суши.Плакнење со вода не е потребно.Ова средство не е запалливо.

СРЕДСТВА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛИНИЈАТА НА ОДВОДНУВАЊЕ НА КОНДЕНЗАТОТ

CTABS® EE, ACTABS®, ACTABS® XX, ACTABS® W i ACTABS® JR. се таблети кои спречуваат или одстрануваат затнување кое се појавува при р’ѓа, прашина, тиња.Кога ќе се стават овие таблети се спречува појавата на бактерии и габи кои предизвикуваат непријатен мирис.ACTABA JR таблетите освен што прочистуваат имаат и пријатен мирис.

Биофилм и проблеми врзани со чистењето и дезинфекцијата на клима уредите

Чистење и дезинфекција на клима уредите

За да површината на клима уредот да биде микробиолошки чисти потребно е од нив да се отстранат видливите и невидливите наслаги од органско и неорганско потекло, наслагите од биофилм, додека бројот на преостанатите бактерии и микроорганизми да се редуцира до прифатливо ниво.Со механичко перење со помош на физичко-хемиските својства на молекулите на средствата за чистење се отстрануваат наслагите од минерална и органска природа како и наслагите од биофилм. При тоа се отстрануваат и голем дел на микроорганизми. Преостанатиот дел на микроорганизми треба дополнително да се отсранат но се чини дека тука најголем проблем претставува како ефикасно да се отстранат наслагите од био филм.

Подгответе ја климата за жешките денови кои доаѓаат

Време е да се размислува како да се припреми клима уредот за претстојните жешки и спарни денови. Ако имате сопствен клима уред Ви препорачуваме да го повикате овластениот монтер кој Ви ја монтирал климата и од него да побарате сервис и припрема на климата за претстојната сезона за ладење. Освен технички преглед уредот мора темелно да се прочисти.

Опасност од клима уредите

Во последните години значително е зголемен бројот на клима уредите а се со цел да им се овозможи на луѓето што поадекватна заштита од неповолните надворешни и внатрешни влијанија и на тој начин да се овозможи поудобни животни и работни услови. Во медиумите денес се повеќе се зборува за штетното влијание кое го имаат клима уредите врз здравјето на луѓето. Иако главната цел на клима уредите е климатизирање на просторот и создавање на што е можно попријатни услови за живеење и за работа сепак се чини дека се уште голем е долот од луѓето кои имаа некаков „страв“ и негативен однос кон клима уредите.

Дезинфекција и редовно одржување на клима уредите

За време на сезоната на ладење а после генералното чистење клима уредот е потребно да се одржува чист. Редовното одржување на клима уредот се спроведува од хигиенски причини а се со цел да се спречат појави на размножување на бактерии и други микроорганизми. За редовно одржување на клима уредите ви го препорачуваме Coil disinfectant. Coil disinfectant е средство за дезинфекција кое делува на широк спектар на бактерии. Ако се гледа според упатсвото ги уништува: Pseudomonas aeruginosa, Staphylococcus aureus i Salmonella Choleraesuis , предизвикувачи на грип A и Хонгошки грип и херпес simplex тип 2.