Греење на просториите со клима уред
Предности и недостатоци на греењето на просторот со клима уред
Со оглед на фактот што греењето на просторот е сериозно прашање и значителна инвестиција секогаш е актуелно барање на нови и поефикасни а секако и поефтини начини на греење. Се одлучивме да ги споделиме нашите искуства од долго годишната работа со клима уредите а се со цел да Ви помогниме околу изборот на најдобар начин на греење на Вашиот простор. Класичните греалки имаат електрична спирала која се загрева со помош на електрична енергија и трошат онолку електрична енергија колку што даваат топлинска енергија со мали незначителни загуби. На пример ако греалица со моќност од 1 kW ја користиме еден час таа ќе потроши 1 kW електрична енергија. Со оглед на тоа што клима уредот нема класична електрична спирала туку моќноста на компресорот со кој се компримира фреонот се претвора во топлинска енергија во рамер околу 1:3,5 во зависност од енергетската ефикасност и квалитетот на клима уредот . Тоа значи дека клима уредот кој троши 1kW електрична енергија дава 3,5 kW топлинска енергија. Од оваа произлегува дека клима уредот во однос на класичната греалица поефикасен за 250% што ќе рече дека кога клима уредот давa 1 kW топлинска енергија тогаш троши околу 285W електрична енергија. Поради сето погоре кажано клима уредот е поефикасен и поповолен за греење дури и од термоакумулационата печка која се полни ноќе на евтина струја!
На што се треба да обрнете внимание ако сакате греењето со клима уред да биде ефикасно:
Доколку сакаме ефикасноста на клима уредот да е што поголема па според тоа и трошоците за греење да бидат помали потребно е да се избере клима уред адекватен за одреден простор и локација. Посебно важно е да се напомене дека за поладни реони во кои температурите паѓаат далеку под нулата потребно е да се избере клима уред со подобар компресор кој може да обезбеди подобро и поефикасно греење и на тие многу ниски температури. Ваквите клима уреди имаат многу помали загуби од номиналната моќност при греење на многу ниски температури. Денес на пазарот постојат клима уреди кои можат да греат и при температури под -20°C и тоа со доста прифатлива цена. Исто така треба да се обрне внимание на моќноста при греење. Ако разгледувате опција за купување на поевтин клима уред кој сигурно нема да го испорача номиналниот капацитет при ниски надворешни температури, наша препорака е да изберете малку појак клима уред со цел да ја компензирате намалената ефикасност на греење при ниски надворешни температури. Истото важи и за влажни подрачја бидејќи знаеме дека влагата многу го отежнува процесот на греење на клима уредот поради замрзнување на надворешната единица. Мразот кој се формира на ламелите на надворешната единица создава изолација со надворешниот воздух и ја оневозможува размената на топлината која ја поседува надворешниот воздух и на тој начин значително се намалува ефикасноста. Во вакви ситуации климатизерот се уште работи но температурата на издувниот воздух во внатрешната единица не е доволна да ја загрее просторијата до зададената температура.
Кога ќе се насобере мраз на надворешната единица и клима уредот не може да ја постигне зададената температура во просторијата па тогаш таа престанува со греењеи и преминува во т.н. defrost однодно преминува во режим на греење на надворешната единица при што доаѓа до топење на мразот. Тоа може да потрае 5-10 минути, но може да се повтори и до 3-4 пати во текот на еден час. Во овие ситуации клима уредот во текот на еден час речиси половина час не грее! Од ова може да се заклучи дека за греење на просторот треба да се избере квалитетен клима уред кој може да работи при многу ниски надворешни температури а овие циклуси на defrost да се што е можно пократки. Овие клима уреди во вакви ситуација се многу поблиску до нивниот номинален (деклариран) капацитет.
Кај високо квалитетните инвертер компресори замрзнувањето на надворешната единица е сведено на минимум. Тие го балансираат создавањето на мраз на надворешната единица со учинокот односно температурата на издувниот воздух односно ја намалуваат за нијанса температурата на издувниот воздух во внатрешната единица и на тој начин го намалуваат создавањето на мраз во надворешната единица. Овој интелегентен начин на работа во практиката овозможува тие постојано да греат и да нема забележителни застои во нивната работа.
Избор на квалитетен клима уред
Секако и поставувањето на внатрешната и надворешната единица на најдобри позиции според советите на стручњаците ќе Ви обезбеди квалитетно греење со што е можно помали трошоци кои се неспоредливо помали од било кој друг начин на греење. При изборот на клима уред пожелно е да се посоветувате со некој што е стручен во оваа област бидејќи искуството за тоа како и кој клима уред се покажал во разни ситуации е непроценливо и не може да се споредува со некои теоретски објаснувања. Исто така многу е важно да се добие вистинска претстава што може да очекувате од избраниот или предложениот клима уред. Ова особено е важно за да не дојде до одредени разочарувања во периодите при екстремно ниски температури но исто така и да се биде подготвен во такви периоди да се обезбеди додаен извор за греење. Речиси без исклучок наша препорака е да се оддели некој денар повеќе за набавка на што е можно поквалитетен клима уред бидејќи истиот во целост ќе ги оправда вложените пари. Ова и поради фактот што тоа е инвестиција за наредните 10-15 години. Поквалитетниот клима уред има поголема енергетска ефикасност и троши помалку електрична енергија, прави помалку и помали прекини во работата и поквалитетно грее во сите ситуации и надворешни температури.
Наједноставно е да се купи високо квалитетен клима уред со највисока цена со висока енергетска ефикасност бидејќи тој клима уред со сигурнсот ќе обезбеди квалитетно греење. Но со оглед на тоа што голем број на купувачи не се во можност да купат скап клима уред ќе Ви предложиме 5 најпопуларни клима уреди кои овозможуваат квалитетно греење а се со прифатлива цена.
Предности на греењето со клима уред:
- Мала потрошувачка на електрична енергија
- Брзо загревање на просторот
- Едноставна контрола и управување
- Рамномерно загревање на цела просторија
Недостатоци на греењето со клима уред:
- Висока почетна инвестиција
- Потребно годишно одржување – сервис