Матичен Клима Сервис Центар

БИТМОНТ КЛИМА – Клима центар Битола е единствениот специјализиран клима сервис кој што се занимава исклучиво со продажба сервис и тековно одржување на клима уреди. Во рамките на нашите многубројни сервисни активности ги издвојуваме:

  • Професионална монтажа на сите видови клима уреди со најквалитетни материјали
  • Професионален сервис и поправка на стандард и инвертер клима уреди
  • Дијагностицирање и на најсофистицирани дефекти
  • Професионална демонтажа на клима уреди
  • Продажба на половни клима уреди со гаранција за истите
  • Тековно одржување – годишен сервис
  • Хемиско чистење и дезинфекција на сите видови клима уреди и топлински пумпи

Почнувајќи од март 2021 година, а имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓаат најголемиот број на купувачи со нерегулирани гаранциски услови на своите клима уреди а исто така знаејќи ја и состојбата на најголемиот број на клима уреди кои повеќе не се во гарантен рок КЛИМА ЦЕНТАР Битола превзема активност со која на некој начин ќе се воведе ред во сервисирањето и одржувањето на клима уредите.

Имено БИТМОНТ КЛИМА воведува услуга МАТИЧЕН КЛИМА Сервис со која услуга се предвидува евидентирање на клима уредите, типовите на фреон како и состојбата во која се наоѓаат, односно нивната ефикасност и функционалност. Имено, според нашите сознанија голем дел од клима уредите кои што се поставени пред пет, шест и повеќе години ја имаат изгубено нивната целосна функционалност, и поради тоа се користат само во кратки временски периоди во текот на годината. Исто така потрошувачката на електрична енергија на тие клима уреди е значително повисока т.е тие воопшто не се енергетски ефикасни.

Заз таа цел ја воведуваме услугата Матичен Клима Центар сервис кој што ќе опфаќа:

  • еднаш годишно проверка на работните параметри, температура на издув, визуелна проверка на изолација на бакарната и електричната инсталација, чистење на филтри на внатрешна единица, проверка на држачи на надворешна единица и сл.
  • изработка на лична карта на секој клима уред со марка, тип, година на монтажа, тип на фреон количина на фреон и сл.
  • изработка на глобална датабаза на сите клима уреди заради планирање на наредни активности, но и за подобра комуникација со клиентите и излегување во пресрет на нивните потреби околу климатизацијата.
  • Бесплатни консултации поврзани со функционирањето на клима уредот преку телефон или преку е-пошта
  • Доаѓање на повик при дефект на клима уредот заради дијагностика на истиот во рок од еден работен ден. (само да се утврди дефектот)
  • Основна дијагностика, проверка на количина на фреон и општа проценка за комплетната состојба на клима уредот за што ќе се издава соодветен документ.

Цената на оваа услуга изнесува 1200 денари ГОДИШНО.

Сите натамошни дијагностицирани дефекти ( проблеми ) се наплаќаат дополнително според однапред изработен ценовник кој се доставува на увид на клиентот.