Ве советуваме на што треба да посветите внимение при купувањето на клима уредот

Корисни совети

STRUČNJACI SAVJETUJU NA ŠTO TREBA PAZITI PRI KUPNJI KLIMA UREĐAJA

 
Со оглед на големиот избор на брендови, видови, моќност и можности за купување на клима уреди, претставува вистински предизивик особено во ситуации кога за одреден буџет сакаме да обезбедиме што е можно поквалитетна климатизација на стамбениот или деловниот простор.

Само по себе се наметнуваат бројни прашања:

– кој производител – бренд да се избере
– која моќност
– кои опции и можности треба да ги има клима уредот
– каде да се постават надворешната и внатрешната единица за поголема ефикасност
– кој ќе ја врши монтажата
– колкава гаранција има и што се опфаќа гаранцијата

Да тргнеме од почеток.
Доколку немате основни познавања за клима уредите пожелно е најнапред да се информирате со цел подобро да ги разберете основите за клима уредите и климатизацијата.

Овие корисни совети можете да ги најдете во големиот број на постови и артикли кои ги пишуваме токму за Вас:

Водич – Совети за купување на клима уреди

Изборна потребната моќност на климауредот и избор на најдобра позиција на внатрешната и надворешната единица.

Инвертер клима уреди.

Најчести прашања околу клима уредите

Следуваат совети на што се треба да се обрне внимание при купувањето на клима уред:

1. Клима уредот е најдобро да го купите во специјализирани продавници (физички или интернет) кои исклучително се занимаваат со климатизација.

Со ова ќе обезбедите најдобра и најточна информација за се што Ве интересира и ќе добиете најдобра препорака врз основа на повеќегодишно искуство.

Денес клима уредите можат да се купат во сите поголеми трговски центри кои се најпопуларни и купувачите на клима уреди се почесто пристапуваат без потребното знаење и подготовка разгледувајќи го само дизајнот, можностите, спецификациите на хартија и цената, додека продавачите во таквите центри немаат речиси никакви искуства и познавања за клима уредите кои ги продаваат туку тие едноставно го продаваат она што го имаат! 

Купувањето на клима уреди без потребното знаење и подготовка вообичаено се покажува како лоша инвестиција бидејќи таквите купувачи после монтажата на клима уредот најчесто не се задоволни со квалитетот на ладење/греење, нивото на бучава или пак со управувањето, и генерализираат дека клима уредите не се добар начин за греење или ладење на просторот, или пак дури после купувањето почнуваат да се едуцираат и сваќаат дека всушност направиле грешка, и дека на пазарот за малку повеќе пари постојат и клима уреди со беспрекорен квалитет со кои може многу квалитетно и ефикасно да се климатизира просторот и тоа за минимални трошоци.

За разлика од клима уредите во поголемите трговски центри кои најчесто нудат клима уреди од корејски и кинески производители, кои се во ниската или средната класа за ладење или греење, енергетската ефикасност и нивото на бучава, во специјализираните продавници имате понуда понуда, како од проверени корејски и кинески производители, така и од најреномираните јапонски производители на клима уреди како што се: Mitsubishi electric, Daikin, Toshiba, Fujitsu i Panasonic. Овие клима уреди обезбедуваат врвен квалитет на ладење и греење дури и до -30 С надворешна температура. Тивката работа и големата енергетска ефикасност ќе ги воодушеви дури и најпребирливите корисници.

На располагање имате 3 до 7 серии од секој производител а додека пак во секоја серија постојат уреди со различна моќност од 2,5kW до 8kW односно за површина на простории до 80m2.За поголеми простории или објекти за индустриска или канцелариска намена во понудата има и уреди од индустриски серии кои се уште поквалитетни и обезбедуваат комплетни решенија за греење или ладење во зависност од потребите на корисниците.

Трговците во специјализираните продавници за клима уреди се едуцирани и ги имаат сите потребни знаења и искуства па според тоа тие можат да Ви ги дадат најрелевантните информации и да Ви одговорат на сите Ваши прашања. Исто така тие ќе Ви го препорачаат најдобриот клима уред во согласност со планираниот буџет. Изборот на клима уред е најчувствителен бидејќи купувањето на клима уред барем кај нас е долгорочна инвестиција а така и треба да се разгледува. Ако сакате да купите квалитетен клима уред тогаш ќе настојувате да купите тивок и економичен клима уред се разбира за прифатлива цена. Нашиот пристап спрема купувачите е индивидуален и кон секој корисник приоѓаме од аспект на неговите потреби но и спрема планинариниот буџет, а се со цел да му препорачаме најдобар клима уред за неговите потреби. Нашите предлози и сугестии се темелат на повеќе годишното искуство и работа со монтажа и сервисирање на клима уреди. Тоа ќе рече дека на купувачот со голем процент на сигурност можеме да му кажеме како ќе се однесува препорачаниот клима уред во просторот кој сака да го климатизира. Исто така ќе му предочиме што може да очекува во режим на ладење или греење со секој понуден клима уред. Овие информации се клучни при изборот на одреден модел и на тој начин ние ја преземаме одговорноста за таквиот избор! Поради сето ова претходно кажано уште еднаш да нагласиме дека клима уредот најдобро е да го купите во специјализирана продавница и со свој овластен сервис бидејќи единствено така ќе си обезбедите исплатливост на Вашата инвестиција. Исто така бидете сигурни дека нема да направите погрешен избор бидејќи ќе ги имате сите потребни информации засновани на долгогодишното искуство.

2. Моќноста на клима уредот изберете ја според квадратурата, висината, локацијата, намената и други параметри.

Моќностс на клима уредот е најважниот фактор кој придонесува климауредот добро да лади а посебно важен фактор за квалитетно греење на просторот.
Послушајте ги советите на трговците и монтерите бидејќи се чини најважен е изборот на соодветна моќност на клима уредот.

Постојат голем број на фактори кои влијаат врз изборот на моќноста на клима уредот. Ако поедноставиме за ладење на просторијата 1 kW моќност на клима уред е доволен за 10m2 површина на просторијата. Денес сите производители на клима уреди со инвертер компресор ја декларираат номиналната моќност и распон одминималната домаксималната моќност прикажана на следниот начин пример: 3,5 kw (0,8 – 5,1) kW.  Кои податоци да ги гледаме? Се земаат предвид номиналната моќност при ладење (податокот пред заградата кој ја означува номиналната моќност и спрема таа информација се класифицира клима уредот па велиме дека таа клима има моќност или снага од 3,5 kW. Малку поинаква е ситуацијата кога станува збор за греење на просторот. Тука треба да се земат предвид повеќе параметри како што се: квадратура, висина, изолација, локација, облик на просторот, положба на внатрешната и надворешната единица, должина на инсталацијата,типна внатрешна единица, количина на разменет воздух на час m3/h итн. Сите овие параметри се многу важни па не е ни чудно што изборот на клима уред посебно ако тој примарно се користи за греење претставува многу сложена операција. Понатаму, кај греењето со клима уред на многу ниски надворешни температури опаѓа и капацитетот на климата со намалување на надворешната температура па според тоа треба да се земе предвид и тој мошне значаен факт. Затоа е добро да се информираме како се однесува клима уредот односно кој му е коефициентот на ефикасност при екстрмно ниски надворешни температури. На пример ако е тоа возможно да се обезбеди информација колку би паднал капацитетот доколку надворешната температура е -10 С односно која моќност ја дава клима уредот при одредена ниска надворешна температура. Секако вакви податоци многу е тешко да се обезбедат од производителите на клима уреди кои најчесто се „штитат“ од непријатности и не ги декларираат вистинските податоци. Секако при оваа анализа мошне е важно да се земе предвид и влажноста на воздухот при така ниски температури, бидејќи како што знаеме таа е многу поголем „непријател“ на клима уредот отколку самите ниски температури. Затоа овие податоци најдобро можете да ги обезбедите преку искуство на сопственици кои веќе поседуваат одреден бренд на клима уред но исто така и од искуството на монтерите. Исто така треба да знаеме декадоколку клима уредот се користи примарно за греење потребно е тој да се постави на потопла (јужна страна) и по можност заштитен од директно влијание на ладен ветер што би рекол нашиот народ на завет.

3. Информирајте се за можностите на клима уредот.

За максимално задоволство при користењето изберете ги следните можности и функции:
– пониско ниво на бучава
– греење на ниски температури и до -15°C
– разни стандардни и додатни филтри
– Wi-Fi адаптер зауправување од оддалечена локација
– Тајмер – дневен и неделен
– поголема брзина на вентилаторот на внатрешната единица
– i-see сензор за присутност
– подобра енергетска ефикасност
-функција self cleaning самочистење

4. Овластена монтажа на клима уредот

Овластена и професионална монтажа е можеби клучниот фактор за исправна, ефикасна и долготрајна работа на клима уредот. Монтажата секако треба да им се довери на овластена фирма за климатизација бидејќи само во таков случај монтажата ја извршуваат лиценцирани и стручни монтери – техничари кои работат според упатствата на производителот, користат професионални алати и атестирани материјали што дополнително обезбедува максимален квалитет и функционирање на клима уредот.

Исто така ако монтажата ја изврши овластена фирма за монтажа, можете да бидете спокојни околу гаранцијата бидејќи во случај на било каков дефект , истиот ќе биди отстранет во најкраток можен рок – бесплатно.