Од каде да купите клима уред

Вредни информации за купување и монтажа на клима уреди

Планирате да купите клима уред и веднаш ви се поставуваат низа на прашања:

-Кој клима уред најмногу одговара за моите потреби?

-Кај кој да се обратам за информација?-од каде да купам?

-Кој ќе го монтира уредот?

-Колку време трае гаранцијата и дали добивам гаранција на монтажата?

Со оглед на тоа дека купувачите на клима уред имаат и добри и лоши искуства, на прв поглед изгледа дека купувањето и монтажата на клима уредот е научна фантастика посебно за купувачите кои сакаат солиден клима уред и професионална монтажа со поддршка, односно добар клима уред без проблеми и дефекти.

Сепак, процесот на купување и монтирање на клима уред можи да биди доста едноставен ако се придржувате на советите кои Ви ги даваме од нашето долгогодишно искуство:

  1. Информирајте се во продавници кои се специјализирни за продажба на клима уреди и каде продавачите се едуцирани и имаат одговори и совети за сите ваши прашања. Во специјалните продавници продавачите често се и монтажери и од нивното искуство можат да Ви дадат вредни информации и брзо да Ви препорачаат кој клима уред според вашиот буџет и околностите е најдобар за Вас.
  2. Web продавници кои се специјализирани за клима уреди и погледнете го асортиманот кој се нуди. Застапеноста на голем број на производители Ви гарантира дека продавачот нема да нуди само одреден производ бидејќи тоа не му одговара.

3. Посетете специјализитани Web страници за продажба на клима уреди, запознајте ги производителите, моделите и цените.

  4. Споредете неколку клима уреди и побарајте објаснување околу предностите и маните на моделите.Добар трговец мора да ги знае сите детали околу клима уредите.Обратете внимание на функциите на далечинскиот управувач,филтрите, големината на внатрешната и надворешната единица.

5. Информирајте се за монтажата која треба да ја изврши овластен и школован монтажер со искуство. Разговарајте за деталите околу монтажата, на пример за начинот на одвод на водата од внатрешната и надворешната единица, начинот на поставување на инсталацијата помеѓу внатрешната и надворешната единица и друго.

6. Проверете колку изнесува фабричката гаранција, на што се однесува,дали постојат услови на пример со задолжителен годишен сервис, дали се нуди продолжена гаранција и под кои услови. Дали гаранцијата на монтажата трае колку и фабричката гаранција на клима уредот. Дали при поправка се наплаќа патниот трошок на сервисерот.
7. За купениот клима уред чувајте ја фискалната сметка, додека за монтажа побарајте печат и потпис од овластеното лице. Единствено на тој начин можи да ја осигурате гаранцијата на уредот.

8. Информирајте се за користењето на клима уредот и одржувајте го редовно, редовно чистете ги филтрите според упатството за користење и еднаш во годината повикајте го сервисерот кој го монтирал уредот да направи детален сервис.

9.За годишен сервис ангажирајте го исклучиво сервисот кој го монтирал уредот бидејќи само така ќе го одржувате континуитетот на гаранцијата.

За да се избегнат проблемите при купување и монтирање на клима уредот никако не Ви препорачуваме:

 1. Купување на клима уред од продавница која нема осигурано овластена монтажа со гаранција.

2. Монтажа на клима уред од страна на неовластен монтажер. На тој начин се доведувате во неугодна ситуација и во непотребен трошок ако нешто тргне во погрешен правец.

3.Купување на клима уред од продавница која не е специјализирана за тоа и каде продавачите немаат основно познавање околу клима уредите.
 

И на крај, ако сакате без губење на време да купите клима уред со овластена монтажа Ви стоиме на располагање.