Рекламации
Почитувани купувачи!
Исклучително е важно да знаете дека рекламации се признаваат само со валиден документ – фактура како и гарантен лист како доказ дека сте го купиле производот од нас.
Рекламации можете да пријавите телефонски на нашиот мобилен телефонски број 071 497 017 или преку e-mail info@klimacentarbitola.com . Задолжително наведете ги Вашите лични податоци, број на нарачка, број на фактура и контакт тел. број. Исто така пожелно е да ни испратите и фотографија од оштетувањето а се со цел да знаеме за што всушност се работи и да се забрза порачката на новиот дел(производ) доколку е потребно.
Условите и траењето на гаранцијата се наведени на гарантниот лист или на сметката (фактурата) за секој производ.
Важно е да се нагласи дека сите клима уреди имаат фабричка гаранција од 1 до 3 години. Во рамките на тој временски период сите недостатоци ги покрива производителот на клима уредот.
Доколку монтажата на клима уредот не е извршена од компанија која не е регситрирана за монтажа на клима уреди недостатоци и дефектите не ги сносат ниту продавачот ниту производителот на клима уредот туку исклучително одговорноста припаѓа на лицето кое го монтирало клима уредот. Во тој случај престанува одговорноста на продавачот.
Наша препорака е секогаш да се користи професионална монтажа од овластена фирма за монтажа на клима уреди, а се со цел да се добие валидна гаранција и на уредот и на монтажата.
Гаранцијата не ги покрива дефектите кои се настанати поради нестручно ракување, механички оштетувања , виша сила(удар на гром, поплави, пожари и сл.)
Битмонт клима ДООЕЛ не одговара за погрешно нарачани производи. Во случај на враќање на погрешно нарачан производ должни сте да ги платите манипулативните трошоци и трошоците за транспорт. Прозводот кој се враќа мора да биде во оригиналната амбалажа и неоштетен со целокупната документација и целата дополнителна опрема како што бил и испорачан. Во спротивно повратот на производот нема да биде одобрен.
Ги охрабруваме купувачите да ги прочитаат соодветните членови од Законот за заштита на купувачите и врз основа на нив соодветно да си бараат исполнување на своите права но и обврски. Исто така пожелно е да се знаат и основните постапки и одговорности при склопување на договори преку интернет (интернет продажба)
Материјални недостатоци за кои продавачот одговара (ги покрива)
- Продавачот одговара за материјални (физички) недостатоци кои ги имал производот во моментот на купопродажбата без разлика дали тој знаел за нив или не.
- Продавачот одговара и за оние недостатоци кои се јавиле и после купопродажбата на производот но причините за тие недостатоци постоеле и претходно
- Се подразбира дека недостатокот кој се појавил во рок од шест месеци постоел и во моментот на купородажбата освен ако продавачот не го докаже спротивното или пак тоа произлегува како последица од природата на производот или природата на недостатокот.
- Не одговара за незначителни материјални недостатоци
Кога постојат материјални недостатоци :
- ако производот ги нема потребните својства за редовна употреба или промет
- производот ги нема посебните својства за посебна употреба за кои купувачот го набавува, а кои му биле познати на продавачот (или морало да му бидат познати)
- ако производот нема својства и одлики кои се изрично или преќутно договорени односно пропишани
- ако продавачот предал производ кој не е идентичен со мустрата или изложениот производ освен во случаи кога тие се изложени само заради информирање и тоа треба да биде изрично напоменато
- ако производот не ги поседува својствата кои инаку ги имаат сите останати производи од тој тип и за кои купувачот оправдано ги очекува во согласност со природата на производот, посебно земајќи ги предвид јавните изјави на продавачот за својствата на производот(реклами објави на социјални медиуми и сл.)
- ако производот е неправилно монтиран а монтажата е вклучена во самата цена на производот кој е монтиран
- ако неправилната монтажа е последица од недостатоци на упатства за монтажа.
Недостатоци за кои производителот(продавачот) не одговара
- Продавачот не одговара за недостатоците ако во моментот на склопување на купопродажбата му биле познати на купувачот или не би можеле да останат непознати
- Се смета дека не би можеле да останат непознати на купувачот оние недостатоци кои внимателна личност со просечни познавања и искуства како лица со исти занимања како купувачот би можеле лесно да ги забележат при вообичаен преглед на производите
Преглед на производите за видливи недостатоци
- Купувачот е должен купениот производ да го разгледа на вообичаен начин и за видливите недостатоци да го извести продавачот во рок од 8 дена или во определени случаи веднаш после распакувањето.
- Ако прегледот е извршен заедно со продавачот, купувачот сите недостатоци треба да му ги воочи на продавачот
Скриени недостатоци
Кога после примањето на производот од страна на купувачот се покаже дека тој производ има некој недостаток кој не можел да се открие со вообичаен преглед , купувачот е должен да го извести продавачот непосредно после воочувањето на недостатокот.