Водич – Совети при купување на клима уред

VODIČ - SAVJETI ZA KUPNJU KLIMA UREĐAJA

  Почитувани купувачи!
Неколку збора од долгогодишното искуство во намера да Ви помогнеме околу изборот на соодветниот клима уред.
Клима уредот не се купува секој ден , додека најголемиот број на купувачи ги нема потребните знаења од областа на климатизацијата, па во тој случај изборот на клима уред од тој аспект воопшто не е едноставен.
Но да започнеме од самиот почеток:

Основната намера со секој клима уред е да климатизираме одреден простор, па уште тука се отвора цела низа на прашања односно што се е потребно да се знае при купувањето на клима уредот за да во потполност бидете задоволни со работата на климата па со тоа и со Вашата инвестиција:

  На разни веб-страници, веб-продавници и каталози можете да ги најдете сите технички податоци за клима уредите што ги разгледувате , меѓутоа од такви извори нема да најдете податоци од пракса, како одреден клима уред се однесува во пракса и во работни ситуации и надворешни температури и услови, и нема да најдете компаративни податоци од различни климатизери од различни производители со иста моќност, или како тие се однесуваат практично во одредени ситуации и услови и кој клима уред е најдобар за вас. Овие информации во пракса се покажаа клучни за одлуката на клиентот за тоа кој клима уред да го купи. Значи препорака е да се купи клима уред од специјализирани продавници, каде можете да ги добиете сите потребни информации за одреден клима уред но од практичен аспект, и како тој клима уред ќе се однесува во Вашиот простор уште пред да го монтирате
Овие информации се од нашето долгогодишно искуство во областа на продажбата, инсталација и сервис на клима уредите на повеќето климатизери што можат да се најдат и купат во Македонија. Се разбира најдобро е да се купи скап клима уред и со тоа да се обезбеди квалитет, но тоа кај поголемиот број на купувачи не е прифатливи бидејќи го надминува планираниот буџет. Логичкото прашање е дали да се купи најевтиниот клима уред и со тоа да се задоволи основната цел, да се климатизира просторот или да се размислува и за други детали како што се најголемо задоволство, максимална удобност, ефикасност, заштеда на електрична енергија и сл.

Ако ја погледнеме понудата на Интернет било тоа да е во веб-продавници или физички продавници, ќе забележиме големи разлики во цените на различните климатизери со иста моќност. Со тоа неминовно се поставува прашањето, во што е важната разлика?

 Клима уредите од јапонски производители: MITSUBISHI ELECTRIC, DAIKIN, TOSHIBA, FUJITSU и PANASONIC се со највисок квалитет но со самото тоа тие се и најскапи. Потоа следуваат климатизерите на производителите кои припаѓаат на средната класа: GREE, SAMSUNG, LG, MIDEA, HAIER и SINCLAIR, HYUNDAI и конечно кинеските производители на клима уреди ниската класа: NEO, TCL, QUADRO, VIVAX, GALANTZ и многу други. Клима-уредите од сите горенаведени производители од горната и средната класа имаат 3 до 5 серии кои се различни по цена, квалитет, можности, енергетска ефикасност, ниво на бучава и квалитет на ладење и греење во одредени услови. За подобро да Ве запознаеме со различните серии во рамките на еден производител, ќе го земеме како пример Mitsubishi Electric.

Mitsubishi HJ STANDARD INVERTER серијата е светски познат клима уред со прифатлива цена и солидни технички карактеристики што ќе одговараат на помалку пребирливите клиенти и со својата стабилност и сигурност ја задоволуваат нивната намена. Климатизерите од серијата HJ не се расипуваат и во пракса и се постигнуваат одлични резултати при ладење во сите области и греење каде зимските температури не се спуштат под -10 степени. Во пракса, тие се доволно тивки така што нивната работа не пречи и работата на надворешната единица нема да ја слушне соседот или сопственикот ако вратите се затворени. Сепак за во спални соби има подобри, потивки клими од подобра / поскапа серија. 

Ова се клима уреди кои  Mitsubishi electric ги пласира на пазарот пред десетина години со намера да ги освои купувачите со „поплиток џеб“ кои купуваа клима уреди од средната класа бидејќи во тоа време основниот модел на  Mitsubishi electric беше екстремно скап но и квалитетен (тоа е сега серијата SF, а пред неа потојат 3 поевтини серии).

Следна серија е Slijedeća serijaSTANDARD INVERTER + ознака DM. Тоа е усовршен модел од почетната серија HJ кој има речиси идентичен изглед на внатрешната и надворешната единица со таа разлика што има еден плус поголема енергетска ефикасност и има опција за WiFi управување ако посебно си купите и вградите WiFi адаптер. Сето останато важи како и за влезната серија HJ.

Следна серија на  Mitsubishi electric е серијата ACCEPT INVERTER со ознаки WN.  Тоа е нов модел на клима уред кој е производен и пуштен во продажба 2017 година а го карактеризира подобра енергетска ефикасност A++ и работа на надворешна температура и до -15 степени.

Прилагоден е и за управување од оддалечена локација, но адаптерот треба да го купите и вградите дополнително.

Потоа на ред доаѓа светски познатата и прославена серија  SUPER INVERTER oznake SF која е навистина вредна за внимание и на оваа серија ќе се осврнеме подетално. Ова е серија со која не може да се погреши и која покрај повисоката цена во однос на конкурентите е прв избор дури и на „најсложените“ купувачи.

 Покрај квалитетно ладење и загревање до -15 степени на надворешна температура, многу тивка работа на внатрешната и надворешната единица, добро прифатен речиси совршен дизајн, можност за инсталирање на WI-FI за управување од оддалечена локација и сл. го прави овој клима уред омилен дури и кај овластените монтери, кои го сакаат затоа што е добро и стабилно конструиран и е задоволство да се монтира. Овој уред ќе му обезбеди на клиентот најдобар однос меѓу вложените пари и добиениот квалитет. Неговата уникатна конструкција и дизајн и двоен насочувач за воздух, едниот монтиран вертикално, а другиот хоризонтално, обезбедуваат непречен издувубање на воздухот дури и кога внатрешната единица се наоѓа „таму некаде далеку“.

 
Прилагоден е и за управување од оддалечена локација, но адаптерот треба да го купите и вградите дополнително.

 
Mitsubishi electric SUPER INVERTER со ознака SF секако го препорачуваме на сите купувачи кои сакаат врвен клима уред по прифатлива цена.

 За овој клима уред се исплати навистина да издвоите некој денар плус посебно ако станува збор за климатизација на просторија во која Вие престојувате, бидејќи овој клима уред за разлика од нешто поефтините навистина ќе Ви обезбеди многу подобра климатизација и комфор.
 Овој клима уред опстојува на пазарот од 2013 па од искуство можеме да Ви кажеме дека е клима уред на кој можете да му верувате и кој ако е монтиран професионално со него нема да имата никакви проблеми.НАША ПРЕПОРАКА !!   

Следна серија на  Mitsubishi electric je KIRIGAMINE ZEN серија со ознаки EF

Ова е дизајнерски модел на паметен клима уред со сензор за присутност а внатрешната единица е достапна во бела, црна и сребрена боја.
Внатрешната единица совршено се вклопува во модерните ентериери, додека врвната енергетска класа A+++, многу тивката работа и вградениот сензор за присутност докажува дека станува збор за клима уред од највисока класа па со него ќе бидат задоволни и најпребирливите купувачи на кои им е се важно.

Прилагоден е и за управување од оддалечена локација, но адаптерот треба да го купите и вградите дополнително.

 Неколку збора за сензорот за присутност:

И најдобриот клима уред од куќната серија на клима уреди од  Mitsubishi electric, нивниот предводник KIRIGAMINE LUXE INVERTER серија со ознаки FH

 Ова е топ модел кој има најголема енергетска ефикасност A+++, одлично грее на -15 степени има 4 крилца за најдобра дистрибуција на воздухот подготовка за WIFI адаптер како и сензор за присутност.

Накусо ако го сакате најдобриот климатизер на пазарот, тогаш моделот FH  сигурно ќе биде Вашиот избор.

Треба да се напомене дека секој производител има повеќе серии а во рамките на секоја серија постојат клима уреди со моќност од 2,5 , 3,5 , 4,2 , 5,5 , 6,и 7 kW.
Секоја серија си има свои сопствени карактеристики и перформанси па затоа многу е важно да се избере серија која ќе одговара на желбите и потребите на секој купувач пооделно. Понатаму многу важно е да се избере соодветната моќност а се со цел да се овозможи квалитетно и удобно греење односно ладење.