Субвенции Општина Битола
Општина Битола го објави јавниот оглас за субвенционирање на високоефикасни клима уреди. Со огласот се предвидоува да се субвенционираат 2500 домаќинства кои досега како гориво за загревање користеле дрва и други фосилни и нееколошки горива. Јавниот оглас е објавен на веб страницата на општина Битола и можете да го погледнете тука
БИТМОНТ КЛИМА Битола врши продажба на високо квалитетни клима уреди од брендовите GREE, FUJITSU, Cooper&Hunter (CH) VIVAX и други. Исто така ние сме и компанија специјализирана за професионална монтажа, сервис, одржување, хемиско чистење и дезинфекција на клима уреди и сите други услуги поврзани со климатизација на стамбени и деловни простории.
Битмонт Клима ДООЕЛ Битола ги замолува сите граѓани кои аплицираа за клима уреди за трпение околу издавањето на фактурите за истите а врз основа на издадените профактури. Имено врз основа на прелиминарната листа објавена од страна на општина Битола, апликантите се должни покрај останатите документи кои ги приложија при електронското аплицирање да достават и оригинал фактура или фискална сметка. Според ова образложение општина Битола претпоставува дека компаниите кои веќе издале профактури ги имаат на залиха клима уредите и сега без проблем можат да ги фактурираат.
Меѓутоа праксата покажува дека речиси сите економски оператори, па дури ни генералните увозници ниту поседуваат на залиоха, ниту пак во краток временски рок можат да обезбедат ни приближно толкав број на клима уреди, особено што има и активни субвенции и во други градови меѓу кои и Скопје. Исто така и побарувачката за клима уреди во овој период е зголемена воопшто т.е постои зголемен интерес за набавка на клима уреди за плаќање во готово (кои не се корисниците на субвенции). Поголемите компании ниту имаат можност а ниту пак се заинтересирани да издаваат фактури без тие да бидат платени и затоа тие во моментот не издаваат фактури.
Дополнителен проблем е и тоа што во профактурите беше наведена и монтажата на клима уредот. Овој проблем според нашите анализи ќе биде уште поголем од овој со издавањето на фактури имајќи предвид дека најголем број профактури имаат издадено фирми кои воопшто не се занимаваат со продажба и монтажа на клима уреди и не ќе бидат во можност да обезбедат квалитетни и лиценцирани монтери за да ги монтираат клима уредите.
Битмонт Клима Дооел Битола ги известува сите кои аплицирале и прелиминарно им се одобрени средства дека ќе добијат фактури за клима уредите за кои аплицирале и тоа во најкраток можен рок. Обврска на лицата кои добиле субвенции ќе биде да се изјаснат на кое име да гласи фактурата дали на лицето кое аплицирало или кон општина Битола со назнака за лицето кое аплицирало. Да напоменеме дека секоја издадена фактура произведува должничко доверителски однос што значи дека лицето кое ја прима фактурата (апликантот) има обврска да ја плати во определениот рок. Фактурата не може да ја плати ниту едно друго правно или физичко лице во име на лицето на кое гласи фактурата. Еднаш издадена фактура нема да може да се преиначи.
Издадените фактури ќе ги достават заедно со другите документи кои се потребни физички во оригинал да се достават до општина Битола. При приемот на фактурата ќе треба да потпишат договор со Битмонт Клима Дооел Битола дека доколку дојде до отфрлање на нивната апликација поради било кои причини или пак дојде до застој, одолговлекување или поништување на огласот, се должни да го платат фактурираниот износ на сметка на Битмонт Клима Дооел Битола во рокот определен на фактурата. Секако откако ќе го платат износот во рок од 90 дена ќе биде монтиран клима уредот. Еден примерок од овој договор е пожелно да се достави со останатата документација при предавањето на документите во општина Битола.
Овој договор е неопходен поради фактот што со самото издавање на фактурата се смета дека клима уредот е набавен односно резервиран и се обезбедени сите основни предуслови истиот да биде монтиран. На сите останати корисници на субвенции кои конечно ќе бидат одобрени ќе им бидат монтирани клима уредите исто така во рок од 90 дена од извршената уплата.
Исто така отворена е и можноста во консултација со Битмонт Клима Дооел Битола лицата кои се сигурни дека и конечно ќе бидат одобрени нивните апликации да ги платат клима уредите за што ќе добијат и соодветна фактура која потоа ќе ја приложат во оригинал и ќе чекаат на поврат на средствата од страна на општина Битола како давател на субвенциите.
Ова соопштение е издадено во очекување на конечни препораки од страна на општина Битола и во недостаток на официјални информации околу издавањето на фактурите и е подложно на промени во зависност од официјалните информации.