Се за клима уредите страна 2
Преместување на клима уредот
БИТМОНТ КЛИМА Битола покрај монтажа, одржување и сервис на клима уредите извршува и услуги за преместување на клима уредите од една на друга локација. Било да се работи за преместување само на внатрешната, на надворешната единица или комплет на надворешната и внатрешната единица. Ова најчесто се изведува заради завршување на некои градежни работи (фасади, глетовање, промена на електрична инсталација и сл).
Исто така чести се и барањата за преместување на клима уредот на потполно нова локација заради преселување или пак промена на распоредот на просториите и сл. Не е редок и случајот кога имаме и барања за преместување поради неадекватно поставени клими од претходни мајстори кои го избрале најлесното а не најоптималното место на клима уредот.
При преместувањето на климата фреонот се собира во надворешната единица и на Ваше барање може да се извршат дополнителни интервенции на Вашиот клима уред а кои произлегуваат од неговата експлоатација, чистење годишен сервис и сл.
Сите отвори на ѕидовите, доколку се монтира клима уредот на нова локација ги затвараме со гипс и од надворешната и од внатрешната страна.
Како правилно да демонтирате клима уред
Демонтажата на клима уредот е постапка при која клима уредот најчесто се преместува од едно на друго место било причината да е реновирање на станот или пак поставување на топлотна или звучна изолација. Чест е случајот за демонтирање на клима уредите и при купување на нови високоефикасни клима уреди од поновата генерација (инвертери) при што неминовно треба да се заменат старите класични клима уреди кои не обезбедуваат висок степен на ефикаснсот посебно во режим на греење.
Во секој случај демонтажата на клима уредот треба да се направи правилно и професионално со цел таа да може повторно да се користи во иднина. Дури и клима уредот да е потполно расипан и е неупотреблив (најчесто поради дефект на компресор) повторно треба внимателно да се отстрани клима уредот за да не се нанесе штета на ѕидовите, фасадата, намештајот и сл.
Поправка на клима уредот
Почитувани купувачи, ако имате било каков проблем со Вашиот клима уред слободно јавете ни се и ние ќе ја оправдаме Вашата доверба поради тоа што зад нас се повеќе години работа и огромен број на поправени клима уреди. На Вашиот повик доаѓаме и вршиме дијагностицирање заради утврдување на дефектот како и даваме проценка и понуда за поправка на клима уредот
Дијагностичкиот преглед опфаќа:
- доаѓање на објектот
- расклопување на клима уредот
- пронаоѓање на дефектот со дијагностички методи и професионални иинструменти
- по потреба, пробна замена на неисправниот елемнт и пуштање на клима уредот во пробна работа
- давање понуда за поправка
Годишен сервис на клима уредот
Редовен годишен сервис на клима уредот
Се чини дека не треба да чекате Вашиот клима уред да се расипи за да осигурате проток на чист воздух во просторијата во која престојувате. Спремно дочекајте ги летните горештини и немојте да се грижите за алергиите кои можат да настанат како последица од прашина и насобраните микроорганизми на филтерите на клима уредот. Ве молиме да не контактирате и ние ќе Ви обезбедиме услуга за комплетен годишен сервис . Поздравете се со алергиите, кивање, и нечист воздух и уживајте во ефикасната работа на Вашиот клима уред. Можете да добиете два вида на услуга : голем – генерален сервис и мал- годишен сервис на клима уредот.
Превентивен сервис на клима уредот
Превентивниот сервис вклучува:
- Визуелен преглед на внатрешната и надворешната единица
- Проверка на состојбата на филтрите во внатрешната единица
- Вадење на капакот на внатрешната единица
- Контрола на состојбата, чистота на изменувачот, турбината и кадичката за кондензат на внатрешната единица
- Чистење на куќиштето и филтрите на внатрешната единица
- Одмастување и дезинфекција на испарувачот
- Проверка на работата во режим на ладење односно греење
- Мерење на температурата на усис и издув на внатрешната единица
- Проверка на работата на вентилаторот на надворешната единица
- Проверка на работата на турбината на внатрешната единица
Генерален сервис на клима уредот
Протокол за извршување на генерален сервис на клима уредот
Постапки на внатрешната единица
- чистење и дезинфекција на маската и куќиштето со филтрите за воздух
- отстранување на маската(капакот) на внатрешната единица
- чистење на испарувачот со хемиски средства
- чистење на кадичката за кондензатот(водата)
- чистење на каналите на испарувачот 2 пар.
- чистење на одводното црево со продувување и со вода
- чистење на турбината
Главна причина за лошиот квалитет на воздухот во климатизираните простории е слабото а понекогаш и никаквото чистење, односно одржување на клима уредот. Проблемот со квалитетот на воздухот посебно е изразен во простории кои користат локални системи за климатизација (прозорски или сплит системи).
Севис на клима уредот за продолжена гаранција
Сите купувачи кои имаат купено или клими од Битмонт клима ДООЕЛ или пак ние имаме извршено монтажа на истите, имаат можност да го продолжат гарaнтниот рок на нивниот клима уред на период до 7 години во зависност од типот, староста и состојбата на клима уредот.
Единствен услов е секоја година да се врши годишен сервис за продолжена гаранција.
Цената на овој годишен сервис изнесува 1200 денари.